Како Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?

Како Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?

Над популарното тврдење дека светот на блогерите е циркус кој става вредност на лицето, постои доменот на дигиталниот простор кој служи и како политички простор. Не само за конкретните блогови кои ги анализираат разните политички теми, туку и оние за личен стил и изразување. Како тие навлегуваат во политичките територии?

Како Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?

Добро е познато дека социјалните мрежи се еден вид новинарство, особено поради начинот на кој се испраќа и прима пораката. Нивниот подем не произведува само генерации на блогери, социјални гуруа или фотографи. Она што најчесто се пропушта е потенцијалот на колективната интелигенција.

Луѓето не се само консументи, туку и произведувачи на содржини. Културата на производството и социјалните мрежи полека стануваат синоними. Како што медиумите стануваат сѐ повеќе и повеќе влијателни, корисниците на Интернетот, блогерите, влогерите и слично, се пионерската колективна интелигенција која активно го реформира популарниот јавен дискурс каде малцинствата конечно можат слободно да го кажат своето мислење.

Ценетите вредности на објективноста секогаш ќе имаат место во формалното новинарство, но нарацијата во прво лице може експлицитно да го обележи обидот сите маргинализирани гласови да дејствуваат на правото на раскажување на својата приказна. Да ги реконструираат своите идентитети и да се уверат дека нивниот глас е навистина слушнат.

Затоа, секој креатор на содржини на Интернетот треба да се стреми да споделува повеќе од фотографиите од новите парчиња облека. Да се стреми да ни го покаже неговиот или нејзиниот стил, идеологија, мотивација и нарација уникатна само нив. Сечија приказна е важна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар