Како хорор приказна: Најморничавиот онлајн разговор кој некогаш сте го прочитале

Како хорор приказна: Најморничавиот онлајн разговор кој некогаш сте го прочитале

Денес споделуваме скоро сѐ на интернет. Добро е што приватните пораки кои ги разменуваме со блиските најчесто остануваат само за нас, барем колку што знаеме.

Сепак, еден корисник на Тамблр имал чудно искуство. Додека чепкал низ апликацијата WhatsApp, наишол на чуден чет помеѓу двајца луѓе кои не ги познава. Се извадил од памет, но кога подоцна се обидел да го најде повторно, апликацијата сама се гасела и продолжувала да се гаси неколку пати.

За среќа, некако успеал да направи копија.

kako-horor-prikazna-najmornichaviot-onlajn-razgovor-koj-nekogash-ste-go-prochitale-kafepauza.mk

Дали е вистина или не, не би навлегувале, но секако е забавно (и морничаво) за читање. Кликајте на пораките на своја рака.

  • annie96

    01.31
    Спиеш?

  • mcdavey

    01.31
    Не… Изгледа ни ти :p

  • annie96

    01.32
    Не можам од ветров. Звучи како да се тепаат мачки. Кој е твојот изговор? :p

  • mcdavey

    01.32
    Учам 🙁

  • annie96

    01.32
    Аха, значи така го викаат порното сега? :p

  • mcdavey

    01.32
    Ени, што по ѓаволите?!

  • annie96E

    01.34
    Не ни одрекуваш? :p

  • mcdavey

    01.36
    Уште не ми се верува што направи Џони денес!

  • annie96

    01.36
    Ни мене. Дечкото си има проблеми…

  • annie96

    01.36
    Зошто е ветров толку гласен? Не звучи баш нормално lol

  • mcdavey

    01.36
    Тука нема ветер. Само дожд.

  • annie96

    01.37
    Блазе си ти. Ми треба сон за мојата убавина. :p

  • mcdavey

    01.37
    Секако дека ти треба 😉

  • annie96

    01.38
    што? сакаш да кажеш дека изгледам

  • annie96

    01.38
    леле, мислам дека слушнав чекори надвор на песокот

  • mcdavey

    01.39
    Мрдни го газот и кажи му на татко ти да оди да провери :p

  • annie96

    01.39
    сама сум. моите се на одмор, ти текнува? ти кажав.

  • mcdavey

    01.40
    Да? До кога? Треба да се дружиме 😀

  • annie96

    01.40
    стварно звучат како чекори ама има нешто чудно во звукот… би отишла да ѕирнам, ама креветов е толку топол!

  • mcdavey

    01.41
    Сигурна си дека сакаш да погледнеш низ прозорот додека си сама? Што ако навистина има некој во дворот и гледа накај тебе? :p

  • annie96

    01.42
    НЕ Е СМЕШНО ДЕЈВИД

  • mcdavey

    01.42
    Добро де, чил… Сигурно не е ништо.

  • annie96

    01.42
    одам да проверам. brb

  • mcdavey

    01.43
    Ако има нешто чудно во твоето маало

  • mcdavey

    01.43
    На кого ќе се јавиш?

  • annie96

    01.45
    Дејвид има некој во дворот!!!

  • mcdavey

    01.45
    Што? Стварно?

  • annie96

    01.45
    ДА. Гледам во грбот на човекот…

  • mcdavey

    01.46
    Што прави?

  • annie96

    01.46
    хмм…можеби бара нешто? наведнат е на колена во грмушките и си гледа во рацете…

  • mcdavey

    01.46
    хаха, сигурно е на нешто, веројатно си ги бара залихите :p

  • annie96

    01.48
    дејвид, ова е сериозно! што да правам?

  • mcdavey

    01.49
    ништо! Сигурно сам ќе си отиде 🙂

  • annie96

    01.49
    леле, сега копа нешто со голи раце.. ја уништува градината!

  • annie96

    01.50
    ср*ње, се сврте

  • mcdavey

    01.50
    Како изгледа?

  • annie96

    01.51
    ДЕЈВИД ОВА НЕ Е СМЕШНО

  • mcdavey

    01.51
    Што?

  • annie96

    01.51
    КАКО ГО ПРАВИШ ТОА?

  • mcdavey

    01.52
    за што зборуваш??

  • annie96

    01.54
    гледам дека си ти во мојот двор! како ми пишуваш без да го допираш телефонот? погледни нагоре! до прозорот сум, не гледаш дека ти тропам на него?

  • mcdavey

    01.54
    По ѓаволите Ени, сега и мене ме плашиш. Јас со сигурност не сум во твојот двор. Тоа не сум јас.

  • annie96

    01.54
    ПРЕСТАНИ ДА СЕ ЗЕЗАШ. ти го гледам лицето. и ја носиш фудбалската јакна на којашто си толку горд!

  • mcdavey

    01.55
    мора да е некој што изгледа како мене… искрено ти кажувам, ени, јас сум дома. Не би се шегувал така… 🙂

  • annie96

    01.55
    мора да е некој од твоите другари дејвид, си игра болни шеги… како инаку би ја носел твојата јакна?

  • mcdavey

    01.55
    има многу такви јакни! другарите не личат на мене… јас см ти само во мислите 😉

  • annie96

    01.55
    пак копа

  • annie96

    01.55
    по ѓаволите, бегај ајде!!!

  • mcdavey

    01.56
    ени, имаш пиштол дома?

  • annie96

    01.56
    не се глупирај дејвид, не би можела да пукам во некого.

  • mcdavey

    01.57
    не мора да го употребиш. само да покажеш дека го имаш.

  • annie96

    01.57
    на јакната, на грбот, нели го има твоето име?

  • mcdavey

    01.58
    да, сите од тимот имаат со своето име на грбот

  • annie96

    02.00
    епа ти го гледам името!!!

  • mcdavey

    02.00
    што

  • annie96

    02.01
    ШТО ПО ЃАВОЛИТЕ Е ОВА ДЕЈВИД

  • mcdavey

    02.04
    Ени, јакната ми е во плакар

  • annie96

    02.04
    Ср*ње, ме виде

  • annie96

    02.04
    ЗОШТО СЕ СМЕЕ ТАКА

  • annie96

    02.04
    ДОАЃА

  • mcdavey

    02.04
    ЈАВИ СЕ ВО ПОЛИЦИЈА!!!

  • mcdavey

    02.05
    ЕНИ?!

  • mcdavey

    02.07
    ЕНИ ЈАВИ СЕ

  • mcdavey

    02.12
    Се јавив јас во полиција, им кажав дека има обид за провала кај тебе дома. рекоа дека се на пат ама ќе им треба околу пола саат за да стигнат

  • mcdavey

    02.15
    ени, тука си?

  • annie96

    02.17
    во куќата е. не можам да зборам, мора да сум тивка. изгасив светла. се пикнав во плакарот со нож. не можам да куцам, многу се тресам.

  • mcdavey

    02.17
    ср*ње, ср*ње. издржи ени, полицијата ќе стигне за 20 мин… знаеш каде е тој?

  • annie96

    02.17
    ТОА. не тој. каков поглед имаше кога ме погледна дејвид… ниедна личност не би имала таков поглед..

  • mcdavey

    02.17
    господе боже. знае каде си?

  • annie96

    02.17
    не, грабнав нож кога го видов дека трча кон куќата и се пикнав во плакар кога чув дека ја отвара влезната врата.

  • mcdavey

    02.17
    ок. добро. ќе бидеш ок. ако е издрогиран нема да му текне да те бара во плакар. полицијата ќе стигне уште малку!

  • annie96

    02.18
    о, добро. леле ме вика

  • annie96

    02.18
    не звучи како тебе дејвид

  • annie96

    02.18
    неговиот глас е многу длабок

  • annie96

    02.18
    ја исполнува цела куќа

  • annie96

    02.18
    и мојата глава

  • mcdavey

    02.18
    што кажува

  • annie96

    02.19
    “излези ени.”

  • annie96

    02.19
    “само сакам да те видам”

  • annie96

    02.19
    цело време го повторува само тоа

  • annie96

    02.20
    дејвид дали полудувам?

  • annie96

    02.20
    дали чувството е вакво?

  • mcdavey

    02.21
    само уште 10 минути ени! соземи се! силна си и ќе поминеш низ ова!

  • annie96

    02.21
    доаѓа по скалите ама многу бавно… неправилни чекори

  • annie96

    02.21
    зошто изгледа како тебе дејвид? зошто ти??

  • mcdavey

    02.21
    не знам ени! те молам верувај ми

  • annie96

    02.21
    можеш ли да направиш нешто да престане?

  • annie96

    02.21
    те молам направи да престане?

  • mcdavey

    02.22
    би направил кога би можел, ти ветувам

  • annie96

    02.22
    на крајот на ходникот е

  • annie96

    02.22
    Дејвид не им кажав ништо на моите кога заминуваа

  • annie96

    02.22
    слушав музика

  • annie96

    02.22
    што ако тоа е последниот пат што ги видов?

  • mcdavey

    02.23
    ени

  • annie96

    02.23
    има некаква врска со тебе дејвид, само ти можеш да го натераш да престане, мисли брзо

  • mcdavey

    02.25
    ПОБОГУ ЕНИ НЕ ЗНАМ

  • annie96

    02.25
    те молам…

  • mcdavey

    02.27
    може да е… зашто мислам на тебе толку многу

  • mcdavey

    02.27
    мислам на тебе цело време

  • annie96

    02.28
    па престани.

  • mcdavey

    02.28
    не знам како

  • annie96

    02.29
    гребе нешто по ѕидот и се доближува, дејвид те молам…

  • mcdavey

    02.29
    се трудам.. многу се трудам

  • annie96

    02.31
    се успори. пробај пак.

  • annie96

    02.32
    што и да правиш, успева.

  • annie96

    02.34
    застана. не слушам ништо.

  • mcdavey

    02.34
    стварно?? не излегувај сѐ уште! седи мирна додека не стигне полицијата!

  • annie96

    02.34
    Што да им кажам ако го нема?

  • mcdavey

    02.34
    СЕ ени. СЕ што ми кажа мене

  • annie96

    02.34
    Не знаев дека така се чувствуваш за мене Дејвид 🙂

  • mcdavey

    02.35
    мило ми е што престана

  • annie96

    02.35
    Може да дојдеш утре од сабајле? Многу сакам да те видам 🙂

  • mcdavey

    02.36
    секако ени, ќе дојдам

  • annie96

    02.38
    Супер! Едвај чекам!

  • mcdavey

    02.40
    ени…

  • mcdavey

    02.42
    ени, како ќе знам дека си ти?

  • ...

    02.42
    annie96 е сега офлајн


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар