Како го облекувате градникот и што оваа навика кажува за вашиот карактер?
Говорот на телото и начинот на кој ги правиме нештата ни говори многу за нашиот карактер. Токму затоа и жените можат да се поделат на 4 видови, кои се препознаваат врз основа на тоа како го облекуваат градникот наутро. Експертите за говорот на телото ни кажуваат дека нештата кои ги имаме, облеката која ја носиме и едноставните секојдневни активности кои ги правиме можат многу да ни кажат за нашата психа.
„Секоја личност има тенденција да ги прави работите на единствен начин, дури и малите секојдневни задачи. Сè што таа прави и начинот на кој тоа го прави, неизбежно формира впечаток кај другите луѓе. Не постои причина долната облека да не биде дел од тоа“, вели Пети Вуд, експерт за човечкото однесување.
Според оваа теорија, постојат 4 навики на облекување на градникот кои ги опишуваат жените…
1. Закопчување и затегнување на градникот на грбот – Со оваа навика жената покажува дека е добра потпора во животот, која е склона на почитување на традициите и верна на она што го прави. Таа е промислена, пријателски расположена и секогаш подготвена да помогне. За неа купувањето градник е социјален настан, па затоа и големи се шансите да побара помош од пријателките при изборот.
2. Закопчување на градникот напред, а потоа завртување – Оваа жена има големо влијание врз другите, но исто така е и добра мотивација. Таа има силна харизма и обожава да учи нови нешта, но многу често се случува сите овие работи брзо да ѝ здодеат. Кога станува збор за избор на градник, таа најмногу одбира светли бои и детали поради кои се чувствува посебно.
3. Носење градници кои се закопчуваат напред – Оваа жена не сака да губи време. Таа цени ефикасност и висок квалитет кој долго ќе трае бидејќи не сака постојано да купува нешто ново. Таа е склона на купување облека со марка, па затоа и најчесто истото го прави со градниците.
4. Закопчување на градникот во раце, а потоа навлекување преку главата – Оваа жена е опседната со правила и ред. Таа го облекува градникот на овој начин бидејќи сака да прави сè како што треба од почеток. По природа е склона на анализирање. Не купува градник без прецизни мерки и стручни препораки, а најчесто најдобро се чувствува во спортските градници.