Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?

Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?

Откако ќе влезат во своите тинејџерски години, па сè до нивната 30-тата година, сите девојки поминуваат низ неколку фази во кои им се менува вкусот и ставот за алкохолот. Дали и вас ви се случило истото?

Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?

14-15 години

Вие сте на слава со вашите родители, опколени со сите роднини и одеднаш се наоѓате во ситуација каде што вашиот дедо ве убедува да пробате од неговата ракија. По некое време тој успева да ве убеди, па пиете неколку голтки ракија која ви го гори грлото и во тој момент одлучувате дека никогаш повеќе нема да пиете алкохол.

16 години

Вие сте претерано пијани од едниот овошен (едвај алкохолен) коктел кој сте го нарачале, па токму затоа можеби и ќе му дозволите на момчето кое потајно ви се допаѓа, а глумите дека не сте заинтересирани, да ве бакне. Виното и пивото ви се одвратни, исто како вотката.

17 години

Одеднаш претерано многу сакате пиво. Дали може некоја од постарите сестри на вашите пријателки да ви купи? Без пивото вие се чувствувате депресивно, бидејќи тоа за вас се претворило во течно злато. Сè што сакате да правите е секоја вечер да пиете пиво со вашите пријателки во гаража кај едната од нив. Зарем премногу барате?

(1) Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?

18 години

Дали е тоа вотка? Да, секако дека ќе се напиете една пијачка со згодното момче кое ви пристапило во дискотеката. Додека ја пиете вотката, вие му објаснувате на ова момче дека можете да го испиете целото пиво на светот без потоа наредното утро да бидете мамурни. Вие сте едноставно од оние луѓе чие тело одлично го процесира пивото.

19 години

Сосема е здраво да испиете 7 чаши вотка со сок од боровинки по половина салата која сте ја јаделе за вечера. Се прашувате зошто? Бидејќи вотката е добра за вашата душа, а боровинките се добри за вашата женственост. Дали е тоа мартини? Можеби би требало да бидете отмени и да го пробате.

20 години

Вие веќе сте пробале поголем дел од алкохолите, но во моментов најмногу ги сакате оние „женствените“ и розови комбинации кои ве прават да се чувствувате како дама. Дури и по 10-тина испиени чашки…

Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?

21-22 години

Молам? Да, секако дека сакам виски (му зборувате на згоден тип кој се обидувате да го импресионирате), благодарам. Јас не сум од оние девојки кои пијат само „женски“ пијалаци или слично. И дефинитивно не сум една од оние кои се многу пијани по само 3 чашки. Јас знам како да се справам со алкохолот! И по овие изјави одите дома и повраќате додека цел свет се врти околу вас.

23-24 години

Вие сте многу среќни што сте ги откриле сите комбинации на жестоки пијалаци, но во последно време сè повеќе размислувате за виното. Сите дами пијат вино, тоа е отмен пијалак, па зошто и вие да не се обидете?

25-26 години

Виното е совршенство! Не ви е јасно како никогаш претходно не сте го забележале тоа…

(2) Како го доживуваме алкохолот на различна возраст?

27 години

Почнувате да сфаќате дека пивото го дуе вашиот стомак, а жестоките пијалаци предизвикуваат да се чувствувате премногу тажно. Или можеби премногу пијано за прекратко време. Токму затоа решавате да пиете само вино. Не сте сигурни кога привлекувањето кон виното ви преминало во љубов, но во моментов сте во ред со тоа. И реално, физички веќе не можете да издржите повеќе шотови.

28-30 години

Претераното пиење за викендите е нешто што само младите го прават. Вие сте сега возрасна и созреана личност, па затоа пиете една до две чаши вино за вечера и потоа си легнувате да спиете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар