Како гледаат луѓето во 16 различни физички состојби?
Дали сте помислиле дека луѓето околу вас можеби ја гледаат реалноста на сосема поинаков начин? На овие фотографии е претставено како гледаат луѓето во разни физички состојби и на различна возраст.
1. Здрава возрасна личност
Вака го гледа светот една здрава и трезна возрасна личност.
2. Страбизам
Се верува дека личноста со страбизам гледа двојна слика, или пак дека може да гледа на двете страни истовремено. Вистината е дека мозокот на овие личности го игнорира она што го гледа едното око, па сликата не е двојна. Со други зборови, покријте го едното око со вашата рака и ќе откриете како гледаат овие луѓе.
3. Миопија (кратковидност)
Личностите со ова нарушување може да ги видат предметите кои се близу до нив, но далечните предмети им се замаглени.
4. Хиперметропија (далековидост)
Овде ситуацијата е обратна: Луѓето не можат да го видат она што е до нив, но позадината секогаш е јасна.
5. Практично слепило
Овие луѓе можат да разликуваат бои, форми и светлина. Но, тие се сметаат за слепи бидејќи не можат да водат живот како личност што гледа.
6. Доцно губење на видот
Вака гледаат луѓето кои го изгубиле видот, но сè уште имаат делумна перцепција на светлина. Тие можат да разликуваат светло и темно. Обично овие луѓе гледале, но го изгубиле видот во текот на животот.
7. Целосно слепило
Целосното слепило е целосна темница. Но луѓето кои се родени слепи нема да го дефинираат светот како црн или темен, бидејќи тие не знаат што значи црната боја или темнината. Исто така, тие не гледаат ништо ни во своите соништа.
8. Далтонизам
Постојат неколку форми на далтонизам. Најчестиот е девтеранопија. Кај ова нарушување, сите бои, особено зелената и црвената, ја губат својата јачина.
Продолжува на следната страница…