Како функционира генерацијата милениумци?
Секоја генерација си има свои ставови, вредности, па дури и недостатоци. Секоја генерација сака да мисли дека е подобра од претходните или од оние после неа. Понекогаш изгледа дека ниту една генерација не добила толку внимание како милениумците, групата луѓе кои постарите често ги опишуваат како мрзливи, но експерти за видео игри и социјални мрежи.
Постојат безброј стереотипи за милениумците, а доколку спаѓате овде, веројатно сте се соочиле со барем еден. Во продолжение можете да дознаете нешто повеќе за клучните статистички податоци за оваа генерација, и за тоа како е дефинирана.
Не постои официјална дата со која би се одредило кој спаѓа во групата милениумци. Повеќето ги дефинираат милениумците како оние родени помеѓу 1981-ва и 1996-та година, но некогаш границата започнува уште во 1978-ма, а завршува дури во 2000-та.
Една од повлијателните книги за оваа генерација, „Милениумците се издигнуваат“ (Millennials Rising), беше објавена во 2000-та година. Авторите се одлучиле за името „милениумци“, а не за „генерација ипсилон“ бидејќи изгледало како самата младина да го преферира. Покрај тоа, името милениумци не ги става во сенка од претходните генерации. Името исто така го поддржува и фактот дека децата родени околу 1982-ра година, би завршиле средно образование на почетокот од новиот милениум.
Многу истражувачи ги проучувале ставовите и мислењата на милениумците за разни теми. Повеќето покажуваат дека оваа генерација е образована, со висока самодоверба, амбициозна и технолошки писмена. Спротивно на популарното верување, милениумците не се опседнати само со кафе и авокадо.
Еден од аспектите што ги истакнува милениумците е тоа што тие се екстремно поврзани. Околу 92% од нив поседуваат смартфони, а речиси сите, околу 85%, користат социјални мрежи. Милениумците имаат поголема веројатност да се адаптираат на новите платформи за разлика од постарите генерации.
Политички, милениумците настојуваат да бидат полиберални за разлика од претходната, па дури и генерацијата после нив.
Милениумците и ретко одат во црква. Анкетите постојано покажуваат дека тие се помалку религиозни од постарите генерации кога биле помлади. Но според истражувањето на Пју од 2018-та година, црните милениумци биле значително порелигиозни за разлика од белите.
Демографски, милениумците се поголема и етнички поразновидна група од претходните генерации. Исто така тие се поотворени за меѓурасни бракови – во анкета од 2010-та година, 85% од милениумците ги поддржувале овие бракови. 73% од милениумците ги поддржуваат и истополовите бракови, што е многу повеќе од претходната и генерацијата икс.
Бидејќи работодавците се навистина заинтересирани за профилот на милениумците, направени се многу истражувања кои ги проучуваат ефектите на генерацијата врз работната сила. Милениумците долго време се сметаат за нарциси. Една анализа на 170 истражувања го поддржала ова и покажала дека милениумците сметаат дека се подобри од другите за 25% повеќе за разлика од генерацијата икс.
Но други истражувања го намалиле тој процент. Наводно, милениумците и генерацијата икс имаат слични долгорочни цели во кариерата, како што се позитивно влијание врз организацијата, станување експерт во својата област и работење на она што го сакаат. Сите разлики во работната етика поверојатно се поради фазата од животот, наместо трајните генерациски однесувања. Со други зборови, сите луѓе во нивните 20-ти настојуваат да бидат нарцисоидни, а ова се намалува со нивната возраст.
Знаевте ли дека милениумците имаат подобри финансиски навики од постарите генерации?