Како едноставно да направите сами лажен прозорец во визбата?
Доколку имате визба или подрум кои се мрачни бидејќи едноставно се опколени само со ѕид, тогаш можеби е време да направите мала промена во дизајнот – особено ако често ги користите овие простории. Во продолжение ви прикажуваме едноставен начин како да го осветлите овој темен простор со помош на лажен прозорец.
Ќе ви биде потребна рамка со големина 60х120 сантиметри, прекриена со акрил, малку скроб од пченкарно брашно, две ЛЕД светилки и завеса. Пченкарното брашно се нанесува на пластиката за да ја распрснува светлината, евтиниот пластичен калап е искористен да оддава впечаток на рамка од прозорец, додека завесите даваат чувство на пријатност.