Како Дубаи го сруши светскиот рекорд со новогодишниот огномет?

Како Дубаи го сруши светскиот рекорд со новогодишниот огномет?

На дочекот на Новата година, Дубаи го сруши светскиот рекорд, презентирајќи го најголемиот огномет кој некогаш бил прикажан. Повеќе од 500.000 огномети биле употребени за шестминутното шоу, кое се протегало на должина од над 94 километри, вклучително и на градското крајбрежје и познатите знаменитости како вештачките архипелази Палм Џумериа и Светските острови, како и Бурџ Калифа и Бурџ Ал Араб.

Како Дубаи го сруши светскиот рекорд со новогодишниот огномет?

На работниците им биле потребни 10 месеци за планирање и организирање на 100 компјутери, со кои ја синхронизирале пиротехниката со музичкиот саундтрак. За да се осигурат дека огнометите ќе бидат прецизни до милисекунда, повеќе од 200 експертски техничари, работеле неверојатни 5.000 часа.

Како Дубаи го сруши светскиот рекорд со новогодишниот огномет?

Дубаи имаше мисија оваа година да го сруши светскиот рекорд, а тоа го стори уште во првата минута, симнувајќи го од тронот светскиот рекорд за 2012 година во Кувајт, со 77.282 огномети. На настанот присуствувале 1.7 милиони луѓе, меѓу кои и голем број фотографи кои го ловеа спектаклот со фотоапаратите. Ова се дел од фотографиите коишто се направени од страна на оние кои биле доволно среќни за да бидат во Дубаи за дочекот на Новата година.

Како Дубаи го сруши светскиот рекорд со новогодишниот огномет? Како Дубаи го сруши светскиот рекорд со новогодишниот огномет? Како Дубаи го сруши светскиот рекорд со новогодишниот огномет? Како Дубаи го сруши светскиот рекорд со новогодишниот огномет?

Погледнете го и спектакуларното видео.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар