Како дише Рио де Жанеиро?
Џо Капра тврди дека имал многу среќа што неговите клиенти го пратиле да снима тајмлапс видео токму во Рио де Жанеиро, а според финалниот производ мора да е во право. Првите асоцијации на Рио секогаш се карневалот, Копакабана и фудбалот, но ова видео покажува дека градот дише со живиот бразилски темперамент во секој ден од годината. Го претставува градот како збир на плажи, море, планини и специфична архитектура, сите заедно обземени од латино-американскиот дух, а покрај тоа додал и неколку кадри од живописните водопади Игуасу.
Пуштете го во HD на цел екран и уживајте во магијата на Рио.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.