Како дечињата гледаат на бракот?
Децата размислуваат на неверојатен начин. На многу рана возраст тие имаат длабоки мисли, големо срце и веруваат во честа. Група мали дечиња биле прашани на кој начин возрасните луѓе решаваат со кого да стапат во брак, а добиените одговори се забавни и многу слатки.
Како одлучуваме со кого да стапиме во брак?
„Мораш да пронајдеш некој кој ги сака истите работи како тебе. На пример, ако сакаш да следиш спорт, неа треба да ѝ се допаѓа тоа и таа треба постојано да ти носи чипс со сос, додека гледаш натпревар.“ – Ален, 10 години
„Ниедна личност не може вистински да одлучи со кого ќе се земе кога ќе порасне. Господ одлучува многу порано, а ти потоа дознаваш со кого си заглавил.“ – Кристен, 10 години
Која е вистинската возраст за брак?
„23 е најдобрата година за стапување во брак, бидејќи дотогаш ќе ја познаваш личноста ЦЕЛА ВЕЧНОСТ.“ – Камил, 10 години
„Ниедна возраст не е соодветна за започнување брачен живот. Мора да си будала за да се венчаш.“ – Фреди, 6 години
„84! Бидејќи на таа возраст не треба повеќе да работиш и ќе можете да го поминете целото време љубејќи се во спалната соба.“ – Керолин, 8 години
„Веднаш штом престанам да одам во градинка, ќе одам да си најдам жена.“ – Берт, 5 години
Како туѓинец знае дека двајца луѓе се во брак?
„Ќе мораш да претпоставиш врз основа на тоа дали тие двајца им викаат на истите деца или не.“ – Дерик, 8 години
Што заедничко мислиш дека имаат твоите мајка и татко?
„И двајцата не сакаат да имаат уште деца.“ – Лори, 8 години
Што прават повеќето луѓе кога се излезени на состанок?
„Состаноците се наменети за забава и луѓето треба да ги користат за да се запознаат подобро. Дури и момците имаат нешто да кажат, доколку слушате доволно долго.“ – Линет, 8 години
„На првиот состанок тие си кажуваат само лаги, кои најчесто ги одржуваат работите доволно интересни, за да отидат и на втор состанок.“ – Мартин, 10 години
Што ќе направиш доколку првиот состанок тргне на лошо?
„Би истрчал дома и би глумел мртов. Наредниот ден ќе се јавам во весниците за да напишат за мене во црната хроника.“ – Крег, 9 години
Кога е во ред да бакнеш некого?
„Кога ќе дознаеш дека личноста е богата.“ – Пем, 7 години
„Законот вели дека треба да имаш 18 години, така што не би се плеткал со тоа.“ – Курт, 7 години
„Правилата се вакви: ако бакнеш некого, потоа треба да се венчаш со таа личност и да имате деца заедно. Така е исправно.“ – Хауард, 8 години
„Никогаш не се бакнувајте пред други луѓе. Тоа е срамотна работа доколку некој ве види… Ако никој не гледа, јас можеби би пробала да се бакнувам со некое згодно момче, но само неколку часа.“ – Кели, 9 години
„Никогаш не треба да бакнуваш девојка, ако немаш доволно пари за да ѝ купиш прстен и видео рекордер, бидејќи таа сигурно ќе сака да има видео-снимки од свадбата.“ – Ален, 10 години
Дали е подобро да си сингл или во брак?
„Не знам која варијанта е подобра, но ќе ти кажам една работа: никогаш нема да имам секс со мојата жена. Не сакам да ми се згрози од тоа.“ – Теодор, 8 години
„Подобро е за жените да бидат сингл, но не е добро за мажите. На момците им е потребен некој кој ќе зачистува зад нив.“ – Анита, 9 години
Како се запознале твоите родители?
„Тие биле на забава во куќата на нивен пријател. Потоа, отишле да се повозат, но колата им се расипала… Тоа било добра работа, бидејќи добиле шанса меѓусебно да ги дознаат вредностите кои ги имаат.“ – Лоти, 9 години
Како светот ќе беше поразличен доколку луѓето не стапуваа во брак?
„Сигурно ќе имаше многу деца на кои ќе требаше да им се објасни тоа, зар не?!“ – Келвин, 8 години
Што треба да направиш за бракот да функционира добро?
„Кажи ѝ на жена ти дека изгледа убаво, дури и ако е голема колку камион.“ – Рики, 10 години
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.