Како да заштедите купувајќи авио-билет?
Доколку одите во странство и сте решени да патувате со авионски превоз, фино е да знаете неколку трикови кои ќе ви помогнат да поминете најевтино при плаќањето на билетот.Како што се приближува датумот на поаѓање цената на билетот може да порасне и за 30%. Но, доколку испланирате денот на поаѓање да биде во вторник, а враќањето да биде наредната среда, можете да заштедите 21% од сумата која би ја платиле за друг ден.
Треба да знаете дека доколку планирате да останувате подолго на патувањето, најдобро е да полетате во сабота, а денот на враќање да биде недела, бидејќи така би заштедиле 9% од сумата која би ја платиле за кој било друг ден.
Анализата на огромен број веб-сајтови за онлајн купување авио-билети, покажала дека најдобар момент за купување карта за меѓународно патување, е 34 дена пред денот на поаѓање.
Истражувањето покажало дека оние патници кои редовно патуваат, од пракса знаат дека што поблиску е денот на поаѓање, картата е поскапа, а на 7 дена пред денот на поаѓање цената може да порасне и до 30%.
Најдобро е да бидете флексибилни за неколку дена порано или подоцна од зацртаниот датум на поаѓање или враќање, бидејќи така можете да извлечете феноменална сума.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.