Како да вежбате помалку, а да слабеете побргу?

Како да вежбате помалку, а да слабеете побргу?

Најновите истражувања покажуваат дека возрасните луѓе кои тренираат помалку време дневно, можат да изгубат исто толку килограми колку оние кои имаат редовен долготраен тренинг. Ова истражување го направиле научници од Универзитетот во Копенхаген и со него се покажало дека со 30-минутен активен тренинг можат да се изгубат исто калории, колку и со 60-минутното потење.

Како да вежбате помалку, а да слабеете побргу?

Со ова истражување се докажало дека испитаниците кои трчаат или возат велосипед 30 минути секој ден, после три месеци губат во просек по 3 и пол килограми, додека оние кои вежбаат по час губат еден килограм помалку.

Истражувањето вклучувало 60 мажи од Данска кои одговарале на описот „крупни“, но „здрави“. Сите од нив сакале да постигнат подобра форма за три месеци. Научниците ги поделиле во две групи, од кои едната вежбала по еден час дневно, а другата по 30 минути. Се заклучило дека за 30 минути се троши доволно енергија за да почнат да се топат масните наслаги.

„Тренингот беше смислен да предизвикува бавно потење, но од учесниците очекувавме 3 пати неделно да го зголемуваат интензитетот. Се покажа дека едночасовното вежбање не придонесува за дополнително губење на килограмите или за топење на повеќе масни наслаги“ – објаснува истражувачот Розенкилде.

Тој вели дека не може со сигурност да потврди зошто оние кои тренираат повеќе, не губат повеќе калории. Една од можните теории е дека после понапорен и подолготраен тренинг, потребно ни е да внесеме и повеќе храна и со тоа го надокнадуваме оној минус калории кои претходно сме ги изгубиле.

Како да вежбате помалку, а да слабеете побргу?

Познато е дека дебелината е еден од главните здравствени проблеми во современиот свет. Затоа сите лекари во светот препорачуваат редовна физичка активност. Според процените на британското Министерство за здравство, на секој возрасен човек му се потребни барем час и 15 минути пофизички активности неделно, како што е трчањето или играњето некој спорт. Ова би требало да се надополни и со два часа неделно полесни активности, како брзо одење, шетање или слични активности.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар