Како да пресметате кога е најдобро време да легнете да спиете?

Како да пресметате кога е најдобро време да легнете да спиете?

Според податоците на Советот за спиење од 2017 година, најпопуларното време за спиење е некаде помеѓу 22 и 23 часот. Сепак, приближно една третина од луѓето остануваат будни до полноќ, а 18% легнуваат да спијат по полноќ.

Како да пресметате кога е најдобро време да легнете да спиете?

Истражувањето спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон во мај 2020 година откри дека националните навики за спиење биле сериозно погодени од карантинот што беше воведен кон крајот на март, со цел да се запре ширењето на коронавирусот. На пример, двајца од петмина испитаници (39%) рекле дека во просек спијат помалку часови ноќе во споредба со периодот пред карантинот.

Голема е веројатноста дека промената на условите за работа и неможноста да се оди на работа предизвикале големи промени кога станува збор за спиењето.

Кое е најдоброто време за спиење навечер?

Кога станува збор за периодот од 22 до 23 часот, Советот за спиење најмногу се залага за овој избор. Ова е идеално време затоа што тогаш температурата на телото и нивото на кортизол, хормонот на стрес, почнуваат да паѓаат. Вашиот мозок почнува да произведува мелатонин, хормон што ви е потребен да се чувствувате поспано. Според едно истражување од 2018 година, 22:10 часот е најдобро време да ги исклучите светлата.

Луѓето кои легнуваат да спијат во ова време имаат најдобра рутина за спиење и тоа создава поздрави навики во исхраната. Од нив, 82% се придржувале на режимот на исхрана и вежбање, а на 74% им било и полесно да одржуваат здрава телесна тежина.

Ова време овозможува длабок сон и треба да ви овозможи да спиете 8 часа во текот на ноќта.

Но, тоа не значи дека ова ќе функционира кај сите. Навикнувањето на начинот на спиење што најмногу ви одговара е најдобрата стратегија.

Некои луѓе се склони да бидат ноќни птици, додека други претпочитаат да си легнат рано и да станат рано. Ако не се чувствувате поспани до полноќ, немојте да се присилувате да си легнете во 22 часот со надеж дека ќе се разбудите посвежи. Најдобар совет е да го одредите времето што најмногу ви одговара и обидете се да се придржувате до него.

Што е со циклусите на спиење?

Уште една работа што можеби треба да се има предвид се циклусите на спиење. Секој циклус трае 90 минути во кои поминувате низ пет фази: четирите не-РЕМ-фази (мирен сон) и РЕМ-фазата на спиење и сите тие се повторуваат во текот на ноќта додека не се разбудите. Затоа, сонот не треба да се гледа како активност од осум часа, туку како циклуси од час и половина.

Во првата фаза сте во лесен сон, а најдлабокиот сон е во четвртата фаза, непосредно пред РЕМ-фазата во која најчесто сонувате и која е всушност најблиску до состојбата на будење.

Најлошиот момент да се разбудите е за време на четвртата фаза на спиењето, а ако се разбудите тогаш, ќе бидете „зашеметени“.

Најлесно е да се разбудувате додека сте во првата фаза и во РЕМ-фазата и тогаш ќе се разбудите одморени и свежи. На пример, ако треба да станете во 8 часот наутро, најдобро е да легнете во 22:46, 00:16, 01:46 или 03:16 часот.

Ако сакате да знаете кога е идеалното време да легнете да спиете, пробајте го овој калкулатор за спиење. Тој ќе ви помогне да пресметате кога треба да легнете да спиете во зависност од тоа кога треба да се разбудите.

Прочитајте што се случува ако легнете да спиете веднаш откако ќе јадете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар