Како да препознаете дали сте налетале на непријател од претходниот живот?

Како да препознаете дали сте налетале на непријател од претходниот живот?

Дали некогаш ви се случило да запознаете одредена личност со која скоро моментално се поврзувате и се чувствувате како да сте се знаеле цел живот, дури и покрај тоа што ја гледате за прв пат? Ако вашиот одговор е потврден, тогаш големи се шансите дека сте запознале личност која сте ја знаеле од претходните животи.

Како да препознаете дали сте налетале на непријател од претходниот живот?

Една идеја, која постои веќе 3.000 години, ни вели дека нашите души постојано се реинкарнираат. Според верувањата на старите племиња, душите не се задоволуваат со 70 или 80 години живот на овој свет, па постојано се враќаат назад со цел да доживеат нови искуства. Но, покрај пријатните чувства кои ги предизвикуваат оние кои сте ги сакале во минатите животи, може да се случи и да налетате на некој кој ви бил непријател. Па, како да ги препознаете овие личности?

1. Веднаш сте почувствувале поврзаност, но и одбивност кон оваа личност

Кога размислуваме за личностите со кои сме се познавале во претходниот живот, често мислите нè водат кон семејството, пријателите и љубовните партнери. Кога ќе се запознаете со личност со која сте имале некаква врска во претходниот живот, вие чувствувате одредена доза поврзаност. Но, кога ќе сретнете некој кој не ви допаѓал, тогаш веднаш ќе почувствувате негативни емоции, па можеби дури и одбивност од нивна страна. Во секој случај, ова е добар знак дека вашите души се знаат од порано.

2. Ви се чини како да имате телепатска поврзаност

Ова не значи дека со помош на телепатијата ќе си испраќате ментални пораки, туку едноставно ви се случило во еден момент да помислите на оваа личност и веќе следниот да добиете порака или повик од неа, дури и доколку не го сакате тоа. Исто така, вие понекогаш можете дури и да знаете што тој или таа ќе каже, пред тие да почнат да говорат. Многу е тешко да се објаснат овие врски, но уште потешко е и да ги прекинете бидејќи тие постојат многу подолго одошто сте мислеле дека е можно.

3. Можете да го препознаете непријателот во нивните очи

Дали некогаш сте се загледале во нечии очи и сте биле восхитени? Дали некогаш ви се случило да помислите дека многупати сте гледале во тие очи, дури и покрај тоа што прв пат ги гледате? Ако нечии очи ви изгледаат познато, големи се шансите дека сте ги виделе во некој од претходните животи. Многумина тврдат дека единствено очите остануваат исти низ животите, овозможувајќи во нив да ги препознаеме нашите пријатели, но и непријатели од претходните животи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар