Како да поминете еден совршен ден во Фиренца?
Доколку на вашата листа за патување се наоѓа и Фиренца, погледнете го најдобриот начин на кој можете да поминете 24 часа во овој романтичен град, богат со ренесансна уметност и архитектура.
07:00 часот
Во Фиренца треба да станете многу рано и уште пред појадокот да отидете до плоштадот Микеланџело (на ридот) за да го доживеете утрото во целост. Од тука има најубав поглед на градот, затоа што сонцето најпрво ги осветлува портокаловите лисја, па покривите и на крајот реката Арно.
09:00
После појадокот веднаш треба да отидете до галеријата „Уфици“, затоа што оваа колекција на ренесансна уметност ја прави Фиренца единствена во светот. Колку порано ќе отидете, толку подобро, затоа што редовите за Микеланџело, да Винчи, Рафаело и Ботичели, може да бидат застрашувачки.
11:00
Мостот Векио е еден од најпознатите во Италија и е единствениот кој го преживеал бомбардирањето за време на Втората светска војна. Тука се наоѓале продавници за накит, а сега е преполн со туристи. Затоа, убаво е да пиете кафе со поглед на Понте Векио.
14:00
Попладне можете да се прошетите околу Дуомо, познатата огромна катедрала од 13-тиот век. Нејзината фасада е исклучителна, влезот е бесплатен, а до врвот има 463 скали. Камбанаријата е висока 82 метра, а погледот од врвот е неверојатен. Тука се наоѓа и најстарата зграда во која се сметало дека престојувал Данте.
16:00
Галеријата Академија е вистинско место за љубителите на уметноста, затоа што овде се наоѓа оригиналниот Давид на Микеланџело, но и многу други светски познати дела. Таа е отворена до 19 часот.
18:00
Многу од продавниците работат две смени, а Торнабуони е улица наменета за шопинг. Многу поинтересно е да шетате по улиците како што е Спада, каде што не се наоѓаат толку познати брендови, туку локални бутици. Фиренца е прочуена и по одличната обработка на кожата.
20:00
Најдобра вечера и пијалак можете да имате на плоштадот Сант Амброгио, каде што сите пијат вино, коктели и вкусуваат разни аперитиви.