Како да отпатувате до вселената?

Како да отпатувате до вселената?

Автор: Петар Тодоровски

Оние кои се горди со тоа дека отпатувале дури до крајот на светот, не можат веќе да се фалат со тоа што биле на Аљаска, на Фиџи или на Антарктикот. Откако Денис Тито во 2001 година стана првиот турист во вселената, само ѕвездите се лимитот за далечните патувања. Ако имате желба да отидете до космосот и оттаму да ја ѕирнете Земјата, еве низ каква процедура треба да поминете.Како да отпатувате до вселената?

Што е потребно за да заминете?

Како и за секое друго патување, потребни ви се само волја и пари, само што овој пат ви требаат во многу поголеми количини. Еден лет во вселената чини помеѓу 20 и 30 милиони долари, цена која што не е фиксна, туку се договара со секој патник посебно. Оние поекстремните можат да доплатат уште 15 милиони за да излезат од бродот и да прошетаат во вселената накратко, но тоа е предизвик кој сѐ уште никој не го прифатил. Можна е уште една опција, а тоа е потенцијалниот патник да го помине тренингот пред заминување, а потоа да го гледа вселенскиот брод како заминува без него, можност која чини 3 милиони долари.Како да отпатувате до вселената?

Пред заминувањето

Со цел да се исклучат можните опасности по здравјето на вселенскиот турист и уживањето да се доведе до максимум, пред заминувањето во вселената неопходно е да се помине одреден тренинг кој ќе го подготви патникот за она што го очекува таму. Прво се прави лекарски преглед со кој би се откриле некои здравствени ризици што некои туристи и покрај големата желба и многуте пари, сепак би ги спречиле да полетаат. Потоа следуваат неколку курсеви на коишто патниците учат како патот да им биде попријатен, како да постапуваат во итни случаи, им објаснуваат за чувството на мачнина, психички ги подготвуваат итн. На крај следуваат пробувањето на скафандерот и првото соочување со бестежинска состојба.Како да отпатувате до вселената?

Полетување

Уште пред да зазори, патникот заедно со останатиот дел од екипата заминува кон космодромот, затоа што летот секогаш е закажан за рано наутро. Групата од шест луѓе и двајца пилоти тргнува со 30-минутен лет нагоре, за кое време се прават последните вежби за редуцирање на паниката. Кога ќе се стигне на околу 15 километри висина, капсулата се одвојува од бродот и продолжува кон вселената. За тоа време небесната околина ја менува бојата од сина до пурпурна, а кога капсулата ќе ја напушти атмосферата, конечно сѐ станува црно.Како да отпатувате до вселената?

Во вселената

Моторите се исклучуваат и патниците во капсулата сега веќе можат да ги одврзат ремените и да уживаат во бестежинската состојба и можноста низ прозорците да се воодушевуваат на бесконечноста на вселената. Внатре нема клозет, не се внесува храна, а има само малку вода која туристите ја користат за да си играат со гравитацијата. Сето ова трае четири минути, по кои следува враќањето кон Земјата.Како да отпатувате до вселената?

Враќање назад

Враќањето назад е брзо, а кога гравитацијата ќе почне повторно да се чувствува туристите повторно седнуваат на седиштата и ги ставаат ремените. Капсулата се движи со огромна брзина при што опашката се врти како пердув, а тоа трае до 20 километри од тлото на Земјата, пред повторно да почне да лебди и безбедно да се спушти.Како да отпатувате до вселената?

Очекувањата за во иднина

Сѐ повеќе компании се заинтересирани да влезат на пазарот за вселенски патувања и овој засега екстремен авантуризам да го претворат во индустрија и секојдневие. Компанијата Вирџин Галактик планира да воведе евтини летови за само 200.000 долари, за кои веќе имаат десетици резервации. Се претпоставува дека за неколку години овој лет ќе биде достапен за само неколку десетици илјади долари, со што едно вакво патување ќе чини колку на пример, еден поскап автомобил. Ако им се верува на ветувањата, оние кои ќе отпатуваат во вселената би можеле да отседнат во хотел, да спортуваат во арени во бестежинска состојба и многу други подобности за кои денес може само да се фантазира.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар