Како да откриете дали разговарате со психопат?

Како да откриете дали разговарате со психопат?

Отприлика 1% од населението може да се смести во категоријата психопати, односно личности кои не се грижат за другите, им недостасува емпатија, склони се кон насилство и гнев, немаат емоции, лажат и имаат способност да ги манипулираат другите. Околу 25% од машките затвореници ѝ припаѓаат на оваа категорија. Но, многу често психопатите се функционални луѓе кои имаат високи позиции како директори, адвокати, полицајци и слично.

kako-da-prepoznaete-dali-razgovarate-so-psihopat-kafepauza.mk

Лесно е да препознаете дека разговарате со психопат ако знаете кои знаци да ги барате. Кога зборуваат, луѓето свесно и несвесно користат одредени зборови со цел да го искажат своето мислење. Според истражувањата кои се фокусирале на интервјуирање убијци, психопатите делеле некои особини во нивниот говор.
За да го истражат емоционалниот контекст во говорот на убијците, Ханкок и неговите колеги користеле неколку фактори. Овде спаѓа користењето минато време кога ги опишуваат нивните злодела. Користењето минато време може да биде индикатор на психолошко одвојување, а истражувања покажале дека психопатите често го користат ова.
Психопатите кои ги среќаваме во секојдневниот живот се уште полесни за забележување. Лесно е да препознаете разговор со нарцис или психопат кога ќе сфатите дека тие се обидуваат да создадат маска за нив. Односно, алтернативна личност која ја користат за да се поврзат со разни луѓе на разни начини. Ова се некои од „триковите“ кои ги користат психопатите кога разговараат.

1. Лесно се доверуваат

Ова доверување е обид за сочувство и присилена интимност. На некој начин тие се обидуваат да ве импресионираат. Колку побргу се поврзете, толку им е полесно да почнат да ве манипулираат. Најјасниот знак е предвременото откривање информации за себе. Овие луѓе ќе почнат да споделуваат лични работи со вас многу брзо, можеби дури и неколку минути откако сте се запознале.

2. Повторуваат „доверливи“ информации кои веќе ги споделиле со вас

Ако постојано споделуваат исти информации со вас, веројатно тие користат сценарио за кое заборавиле дека го искористиле со вас. Понекогаш психопатите лажат само заради забава и без никаква друга причина. Но, понекогаш лажат за да ја продолжат својата приказна. Во овој случај веќе и не ги контролираат приказните и настаните кои ги измислуваат. Психопатите и нарцисите немаат никаков интерес за другите луѓе, па често забораваат што кажале и на кого го кажале тоа.

3. Не поставуваат лични прашања

Ако не ви постават никакви прашања и не покажуваат интерес за вас, тогаш тие работат по своето сценарио. Ако ви поставуваат многу прашања, но брзо преминуваат од едно на друго без да му дозволат на разговорот да слободно да тече, голема е веројатноста дека само собираат информации од вас. Овие информации се со цел да ги откријат вашите слаби точки. Кога разговараат со некоја нова мета, психопатите често се обидуваат да откријат проблеми кај соговорникот за да можат да се претстават како личност која ќе помогне. Се разбира, ова е со цел да ја стекнат вашата доверба.

4. Бараат посебни услуги

Додека повеќето луѓе бараат услуга од некој поради вистинска потреба или обид за поврзување, психопатите го прават ова бидејќи сметаат дека имаат право на туѓото време и труд. Овие барања имаат неколку функции. Најчесто тие ве гледаат како личност која можат да ја искористат за своите потреби. Вашата согласност за услугата, без разлика колку е мала, може да биде тест. Ќе го поминете тестот ако покажете волја да бидете контролирани или манипулирани. По ова следуваат поголеми барања кои најчесто ќе водат до нивната примарна цел.

5. Прават чудни претпоставки за вас

Замислете си дека разговарате за вашето семејство и од соговорникот добивате коментар: „Мора да е тешко да бидеш најпаметниот во собата.“ Ова е чудно бидејќи воопшто не сте спомнале дека сте паметни, ниту пак сте се споредиле со членовите од семејството. Целта на овој коментар е ласкање, но и истовремено понижување на вашето семејство. И ова е тест на некој начин. Целта е да види дали ќе се борите за себе или пак ќе ја прифатите неговата добрина. Суровите изјави кои не се поврзани со разговорот може да бидат сигнал за намерното или ненамерното тргање на неговата маска. Овие личности не ве сакаат и на некој начин ве потценуваат во текот на целиот разговор. Чудните коментари се можеби најдобриот показател дека си имате работа со психопат. Ако разговарате подолго, овие изјави ќе станат почести и погневни.

Погледнете и кои се најизразените карактеристики на психопатите во реалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар