Како да научите странски јазик за 17 дена без ничија помош?
Не е лесно да се научи странски јазик, особено во зрелата доба од животот. Потребно е да се издвои многу време за вежбање, а откако ќе се совладаат основите, речникот постојано треба да се надградува и да се повторуваат граматичките и синтактичките правила за да не се заборави наученото. Освен тоа, некои луѓе имаат посебна дарба за учење јазици, како што други се склони кон учење математика или некој друг предмет од областа на природните науки.
Не е тајна тоа дека најлесниот и најбрзиот начин да се научи нов јазик е посета на земјата каде што тој се зборува. Треба да поминете одредено време таму, да слушате и впивате информации од „прва рака“. На тоа се заснова и советот на Дејвид Бејли, кој го дал одговорот на прашањето како може најлесно да се научи странски јазик.
Имено, Бејли успеал да научи француски за само 17 дена и тоа доволно добро за да може да го применува јазикот во секојдневниот говор. Тоа се случило во 2005 година кога ја посетил неговата пријателка во едно мало француско село. Таму останал 17 дена и никој од луѓето не знаел англиски. Со цел да го поттикне на учење, пријателката одбивала да зборува англиски со него, па му се обраќала само на француски. Тој воспоставил секојдневна рутина која му помагала при учењето. Во продолжените прочитајте од што се состоела неговата рутина…
1. Секое претпладне по час и половина ги пишувал правилните и неправилните глаголи на лист хартија, бидејќи сметал дека рачното пишување е најдобрата мнемотехника.
2. Секогаш кога бил во можност, па дури и за време на пишувањето глаголи, слушал аудио курсеви за учење француски јазик.
3. Секое утро трчал по 45 минути до еден час во природа и притоа слушал француска музика.
4. Секојдневно разговарал со луѓе чиј мајчин јазик бил францускиот, без разлика колку му било тешко.
5. Секој ден читал книга на француски јазик. Бејли советува да одберете книга која веќе сте ја читале, по можност некоја детска што нема многу комплициран речник.
6. Барем еден час дневно пишувал состави за себе, бидејќи заклучил дека при секое запознавање мора да одговара на прашања од типот „Од каде си?“, „Што работиш?“, „Како ти се допаѓа Франција?“ и слично.
7. Брзо ги научил жаргонските зборови кои немаат вистинско значење како што се „alors“, „en fait“ и слично. Луѓето ги изговараат во паузите помеѓу речениците и добро ќе ви се најдат доколку сакате да направите пауза при зборувањето.
Бејли по 17 дена отишол во Париз каде запознал девојка во едно кафуле и започнал разговор со неа. Девојката го прашала колку долго живее во Франција и кога тој ѝ одговорил, таа се изненадила и му кажала дека мислела дека поминал најмалку една година во нејзината земја.
Можеби нема да станете експерт за јазици за толку кратко време, но овие совети би можеле да ви бидат од корист ако одлучите да научите странски јазик без професионална помош. Одберете го јазикот што отсекогаш сте сакале да го научите и почнете уште веднаш!
Доколку сѐ уште не сте убедени да почнете со учење, прочитајте кои се придобивките од изучувањето странски јазици.