Како да ја изберете редицата во супермаркетот во која најмалку ќе чекате?
Просечно, луѓето трошат половина час од својот ден стоејќи во редови. Народот на една земја, за стоење во редови може да изгуби десет милијарди часови. Научниците се шокирани од овој број, па затоа се одлучиле да ги напрегнат своите мозоци и да истражат што сè може да ни помогне да го скратиме времето кое го минуваме во редот за наплаќање. Со цел да го поминете вашето време попродуктивно, погледнете ги следниве совети за тоа како да ја изберете редицата која најбрзо се движи.
1. Застанете зад купувачот кој има полна кошничка
Најверојатно сега мислите дека ова нема баш никаква смисла, но истражувачите докажале дека на овој начин многу побрзо ќе поминете на другата страна од касата. Секоја личност троши одредена количина време за да се поздрави со касиерката, потоа за да плати, да ги земе кесите и да замине. Ова просечно трае 41 секунда по личност, без да е израчунато во ова и времето за ставање на производите на лентата и скенирањето на баркодовите на касата (скенирањето трае по 3 секунди од предмет).
Научниците откриваат дека доколку застанете зад личноста која има 100 производи во својата кошничка, ќе поминете 6 минути во чекање ред. Но, доколку застанете зад четворица луѓе од кои секој има по 20 предмети, тоа ќе потрае скоро 7 минути. Ова значи дека помалку ќе чекате во редицата во кој има помал број луѓе со полни кошнички, отколку во редица со повеќе луѓе со полупразни кошнички.
2. Редиците од вашата лева страна се почесто пократки
Бидејќи поголемиот дел од луѓето се десничари, тие обично вртат на десно. Затоа е подобро да застанете во редот од вашата лева страна.
3. На касата е касиерка! Одлично!
По правило, ако ве услужува женска личност, ќе бидете поефикасно и побрзо услужени.
4. Проверете што имаат купувачите пред вас во нивната кошничка
За да си го скратите времето, обрнете внимание на производите што ги одбрале оние кои чекаат пред вас, бидејќи стаклените артикли и цврстите пакувања најбрзо поминуваат покрај скенерот. Потребно е подолго време за скенирање на баркодовите од лепенката на пластичните кеси, затоа што понекогаш касиерката мора рачно да ги внесува. Значи, купувачот кој има само шише млеко и сок во својата кошничка ќе го заврши своето купување побрзо од купувачот со кеса свеж зеленчук и овошје.
5. Немојте да ја изберете редицата што е подолга од полиците крај касата
Според истражувачите, касиерите се многу побавни доколку не го гледаат целиот ред купувачи на својата каса.