Како да ја декорирате и поставите новогодишната елка со цел да повикате среќа во 2016?
Празниците знаат да бидат стресни, како за домашниот буџет, така и за самата еуфорија која владее во овој период. Но, постојат неколку трикови кои можеме да ги научиме од Фенг Шуи. Тие не само што ни помагаат во уредувањето на домот, туку и допринесуваат за нашата благосостојба. Погледнете ги следниве неколку новогодишни и божиќни декорации кои според овие верувања можат да создадат позитивна енергија во домот.
Каде да ја поставите елката?
Зимзелените дрвја симболизираат долговечност и пријателство. Според практичарите на Фенг Шуи, триаголниот облик кој го има новогодишната елка се смета како симбол за „оган“, па затоа и најдоброто место за неа е во просторијата која се наоѓа во горниот лев агол на вашата куќа. Овој простор се смета за „површина на богатството“, па затоа триаголните и дрвени облици имаат огромна моќ. На овој начин ќе привлечете богатство и просперитет во вашиот дом.
Други добри места за вашата новогодишна елка се сите агли во вашиот дом или централниот дел од куќата, каде што се стабилизира енергијата за време на оваа сезона. Во случај да сте ја поставиле елката на север, декорирајте ја со стаклени сини, бели, сребрени и златни декорации. Елката на запад или северозапад би требало да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, но никако во црвени. Во случај елката да се наоѓа на југозападните или североисточните делови во вашиот дом, најдобро би било декорациите да се со жолти и црвени тонови, додека белата и сребрената боја воопшто не се препорачуваат.
Со цел да допринесете за квалитетна поврзаност во вашето семејство, пожелно е секој член да постави барем една декорација на елката, бидејќи на тој начин таму ја поставува и својата лична енергија. Но, каде и да ја ставите вашата елка, внимавајте да не го блокирате протокот на Чи енергија низ вашиот дом. Таа не смее да биде поставена на места кои го блокираат овој проток, односно пред предниот влез или преблизу до врата. Можеби ќе треба да го преуредите просторот во собата каде што ќе ја поставите елката, но тоа најчесто вреди за трудот. Исто така избегнувајте да ја поставувате во близина на извор на топлина или камин, бидејќи можете да предизвикате пожар.
Како да го декорирате домот?
За постигнување позитивно расположение, најдобро е да користите многу темнозелени бои. Овие нијанси помагаат при впивање на сите нервози и караници. Токму затоа и не ги избегнувајте гранчињата, венците и кои било други декорации со темнозелени нијанси кои одлично ја балансираат енергијата во просторот. За пријатна атмосфера во вашиот дом, следете ги следниве неколку правила:
- Немојте да ги избегнувате декорациите кои сјаат или светат.
- Со цел да го подобрите здравјето, поставете ја новогодишната елка на средината од просторијата.
- Декоративните ангели ставете ги лево од влезната врата, бидејќи на тој начин ќе ги заштитите блиските.
- Во десниот агол, спротивно од влезната врата, ставете две миризливи или декоративни свеќи со цел да повикате љубов. Тие нека бидат во жолта, розова или црвена боја.
- Оживејте го домот со свежи бои и пријатни миризби.
- Зад вазната со цвеќиња поставете декоративно огледало за да ја дуплирате убавината.
- Додајте перници и некои други заоблени предмети кои ќе помогнат при протокот на позитивната енергија.
- Повикајте парен број гости.
- Дозволете им да децата да уживаат и обидете се што помалку да викате.