Како да изгледаш кул додека возиш велосипед?
Ова е идеја која ќе им се допадне на сите „бајкери“, кои сакаат да бидат забележани. Дизајнерската компанија од Сан Франциско „MonkeyLectric“ ја започна својата кампања за собирање донации за нивниот најнов изум т.н. „Monkey Light Pro“, тркало за велосипед со екран, кој има можност да прикажува подвижна графика додека се вртат педалите.Од компанијата велат дека ЛЕД екранот ќе биде компатибилен на секое стандардно тркало за велосипед, овозможувајќи им на сите корисници да си го монтираат на тркалата и да приредат подвижно лајтшоу, додека ги вртат педалите низ улиците. Најдобриот дел од оваа идеја е тоа што сликите на ЛЕД екраните може да си ги избере самиот велосипедист, според негов вкус и стил кој сака да ѝ го покаже на јавноста.На тој начин „The Monkey Light Pro“ им овозможува на корисниците да ја уредат која сакаат слика и безжично да ја симнат на нивните екрани. Тоа значи дека на велосипедот може да се врти лого, текст, па дури и анимации. Производот доаѓа со вградена слика, која ќе се врти на тркалата додека да се одлучите за да ставите нешто ваше. Полупровидниот екран е видлив од двете страни од велосипедот, а стабилноста на сликата е одржлива при возење со брзина од 16 до 64 км на час.Со помош на сајтот за собирање донации од луѓе ширум светот за поддршка на големи и мали бизнис идеи Kickstartes, овој проект веќе собра над 110.000, од потребни 180.000 долари. Да стискаме палци, овој кул изум да се појави на пазарот.
Погледнете го видеото за да видите за колку кул изум станува збор:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.