Како да имате меки дланки и цврсти нокти дури и кога секојдневно миете садови?

Како да имате меки дланки и цврсти нокти дури и кога секојдневно миете садови?

Миењето садови, чистењето на домот, работењето со вода и хемиски средства и сличните куќни обврски во домот може да имаат негативни последици на изгледот на кожата на дланките и ноктите. Затоа, оваа едноставна рутина од 3 чекори ќе ви помогне секогаш да бидете задоволни со изгледот на своите раце.

Како да имате меки дланки и цврсти нокти дури и кога секојдневно миете садови?

1. Носете ракавици

Освен во зимските периоди, кога носењето ракавици е потребно за да се заштити кожата од студеното време и да ги стоплите дланките, тие се носат и во домот, во гумената варијанта. Доколку секојдневно миете садови, практикувајте да носите гумени ракавици кои ќе го спречат сушењето на кожата на дланките и пукањето на ноктите, а можете да ги носите и кога го чистите домот.

2. Негувајте ја кожата со масло

Откако ќе ги извадите ракавиците, нахранете ги кожата и ноктите со масло. Доколку немате масло за нега на дланки и нокти, тогаш слободно послужете се со обичното сончогледово или маслиново масло кои ги користите во кујната. Посебно внимание обрнете на кожата околу ноктите за да ги омекнете кутикулите.

3. Намачкајте ги рацете со масна крема

Кога кожата ќе го впие маслото, намачкајте ги рацете со масна крема која ќе ви осигури дополнителна влажност на рацете и ноктите и ќе го спречи нивното кршење. Практикувајте ја оваа едноставна козметичка рутина од 3 чекори во своето секојдневие и обезбедете го прекрасниот изглед на ноктите и рацете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Jordan C Reply

    Wow kakva mudrost, da ne ti se veruva.

Остави коментар