Како да го забавите стареењето на мозокот за само 6 месеци?
Дали сакате да го одложите процесот на стареење на мозокот, па дури и да го вратите наназад? Според едно истражување, пешачењето или возењето велосипед барем 3 пати дневно, ја подобрува когнитивната функција на мозокот. Доколку ова го комбинирате со здрава исхрана, можете да го одржите здравјето на мозокот со години.
Како функционира?
Истражувањето траело 6 месеци и во него учествувале 160 луѓе на просечна возраст од 65 години. Испитаниците не се занимавале со никаква физичка активност пред истражувањето, имале проблеми со донесувањето одлуки и концентрацијата и покажувале знаци на кардиоваскуларни проблеми, како висок крвен притисок. Сите испитаници поминале когнитивен тест.
Оние кои биле дијагностицирани со деменција или од која било причина не можеле да вежбаат, биле исклучени. Останатите испитаници биле поделени во 4 групи по случаен избор.
- Првата група ја следела диетата DASH. Оваа диета е навистина здрава за срцето и за крвните садови, а има позитивен ефект на целото тело.
- Втората група вежбала аеробик 3 пати неделно. Загревањето траело 10 минути, а потоа следеле 35 минути постојано пешачење или возење статичен велосипед. Важно е да се наспомене дека оваа група немала никакви ограничувања во исхраната.
- Третата група била најзафатена. Испитаниците вежбале 3 пати неделно и ја следеле диетата DASH.
- Четвртата група слушала 30-минутно предавање за ризикот од кардиоваскуларни болести. На испитаниците не им било препорачано да направат промена во исхраната или животните навики.
Здравјето на мозокот се подобрува со здравјето на срцето
Најдобрите резултати за време на второто когнитивно тестирање ги покажала групата која вежбала и која ја следела диетата. Испитаниците од 3-тата група, во просек освоиле 47 поени, од 2-рата група 42 и од 4-тата освоиле 38 поени.
На почетокот на истражувањето, просечниот функционален резултат бил 93 години, односно 28 години повеќе од просечната хронолошка возраст од 65 години. После 6 месеци, менталната возраст на испитаниците се спуштила на 84. Па, комбинацијата од диетата и вежбањето им овозможила на научниците да го забават стареењето на мозокот за 9 години.
Доктор Ричард Исаксон, главниот на Клиниката за превенција на Алцхајмерова болест, изјавил дека контролираните вежби не само што ја подобриле функцијата на мозокот, туку го направиле тоа многу брзо.
Се пронајде начин за подмладување на мозокот, па ни остана само уште да откриеме како да го подмладиме телото. Научниците од истражувањето нè доближија до зголемувањето на квалитетот на животот на секоја возраст, а најдоброто нешто кај овој експеримент е што можете да го пробате и вие од удобноста на вашиот дом.
Доколку сакате да дознаете колку е стар вашиот мозок, овој тест ќе ви помогне во тоа.