Како да го активирате хормонот на среќа за само неколку минути?
Еуфоричната состојба за време на слушањето музика, влијае на допаминот кој го лачи мозокот и создава чувство на задоволство, слично како и при консумирањето на омилената храна. За време на слушањето омилена музика доаѓа до зголемено лачење на допаминот во предниот дел од мозокот.
По неколку објавени истражувања, експерти од Универзитетот во Монтреал заклучиле дека вакво нешто не се случува при слушањето музика која не ни се допаѓа.
За време на истражувањето, чувството на задоволство било мерено со скенер, на кој освен допаминот, биле мерени и отчукувањата на срцето, телесната температура и дишењето. Врз основа на добиените резултати, научниците заклучиле дека допаминот може да биде клучен фактор за преживување на човештвото.
Допаминот произведува задоволство во важни моменти во животот, како што е моментот на консумирање храна. Па, според тоа, доколку човекот е задоволен додека јаде, тогаш тој е стимулиран да живее.
Меѓутоа, музиката и понатаму останува енигма. Таа не е ниту воздух, ниту храна, ниту пак некоја друга секундарна потреба, како на пример парите, кои постигнуваат задоволство предизвикано од допаминот. Научниците потврдиле дека посебно влијание за опуштање на мозокот имала музиката на Моцарт.
Луѓето кои ја слушале музиката на овој генијален композитор за време на истражувањето покажале поголема интелигенција во однос на оние кои слушале модерна музика. Експертите истакнале дека тоа е така, бидејќи музиката на Моцарт била единствената која имала математички влијанија кои го активирале логичниот дел од мозокот.
Прочитајте ги и овие 3 чудни и изненадувачки начини на кои музиката влијае на вашето здравје.