Како да гледате добро и без очила?
Видот без сомнение е еден од најпривлечните човечки сетила. Кога станува збор за спознавање на светот, видот е оној кој навистина ни овозможува да веруваме во нештата кои постојат. Можеби токму затоа постојано се трудиме да го подобриме, па носиме очила, леќи или пак, одбираме ласерска операција. Но, она што сигурно не сте го знаеле досега е дека доколку поради кои било причини не можете да стигнете до вашите очила или леќи, доволно е само да направите мал отвор со вашата дланка и низ него светот повторно ќе ви стане кристално чист и јасен. Неверојатно, се согласувате?
За да го сфатите овој трик, прво треба да се навратите на основите за тоа како функционираат очите. Светлината патува од одреден извор, се одбива од објектите на својот пат и поминува низ ретината во вашето око каде што формира слика. Ако вашето око нема леќа, тогаш светлината би ја удирала ретината на многу места, а со тоа сликата што ќе се создава би била замаглен хаос. Функцијата на леќата е да ја фокусира светлината кон една локација во вашата ретина и со тоа да создава јасна слика. Но, доколку леќата во вашето око не работи како што треба, тогаш мора да носите очила или леќи за да гледате појасно. И да се навратиме на нашиот трик. Леќите кои не работат како што треба имаат проблем со фокусирање на објектите од различни далечини. За разлика од леќата, малите отвори сами ја насочуваат светлината од сите страни кон едно место, а со тоа ви овозможуваат да гледате чисто и фокусирано. Обидете се и самите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.