Како да ги препознаете интровертите кои се однесуваат како екстроверти?

Како да ги препознаете интровертите кои се однесуваат како екстроверти?

Животот ќе беше многу поедноставен доколку можевме да ја сместиме секоја личност која ја знаеме во само една категорија. Тоа би ни помогнало да развиеме совршен однос, пријателски или љубовен, бидејќи би знаеле точно како да се однесуваме во нивна близина. За жал, нештата никогаш не се толку едноставни. Тоа се случува и при поделбата на луѓето во интроверти и екстроверти. Неретко тие се однесуваат на еден начин, но нивната внатрешност укажува на нешто сосема друго. Па, доколку ги пронајдете следниве неколку знаци во него или неа, тогаш големи се шансите дека екстровертот во вашиот живот, е всушност интроверт…

Како да ги препознаете интровертите кои се однесуваат како екстроверти?

По долгиот и напорен ден, тие не сакаат да се дружат – Ако сте поминале долг и напорен ден заедно, големи се шансите дека тие нема да сакаат да се забавуваат и вечерта крај вас. За нив најдоброто решение за овие денови е добра книга и шолја чај во кои ќе уживаат на мир.

Тие се центарот на забавите, но… – Една половина од овој вид интроверти се состои од отворена и енергична личност, додека пак другата е повлечена личност која има потреба од мир и тишина. Тие се животот на забавите, но кога забавувањето ќе заврши, потребно им е време со себеси за да се наполнат повторно со енергија.

На првиот љубовен состанок не се однесуваат како и останатите луѓе – Тие сакаат подлабок разговор, а тоа ќе можете да го забележите при однапред подготвените интеракции чија цел е да им помогнат побрзо да се поврзат со вас. Токму затоа и нема да ги импресионира нешто што нема да биде необично и креативно, нешто досега невидено од нив.

Тие одлично ги проценуваат луѓето – Сè што досега сте правеле при запознавањето, можете слободно да го заборавите бидејќи вашите типични маски нема да поминат кај нив. Тие многу добро ги проценуваат луѓето, па затоа и треба да бидете искрени доколку сакате да развиете однос, без разлика дали станува збор за пријателски или љубовен.

Потребно им е повеќе време за да се опуштат – Немојте да бидете изненадени доколку веќе сте се виделе неколку пати, но тие уште не ве поканиле во својот дом. Ним им е потребно многу повеќе време да се опуштат, па дури и покрај тоа што можат да се дружат со сите, само на малкумина ќе им дозволат навистина да им се приближат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар