Како да ги одржувате овошјето и зеленчукот свежи?
Дали ви се случува да го отворите фрижидерот или шкафчето за храна и да видите дека овошјето и зеленчукот не се веќе свежи или дека се расипале? Сите ги правиме овие грешки и токму затоа по помислата колку пари трошиме на храна којашто ја фрламе в ѓубре ни паѓа тешко. Но, постојат голем број начини и трикови со кои овошјата и зеленчуците можат да се зачуваат свежи подолго време. Станува збор за едноставни навики со кои храната којашто сте ја купиле ќе ви трае подолго, а вие во секое време ќе имате здрави и свежи намирници за подготовка на вкусни оброци.
1. Не ги мијте пред да ги складирате
Миењето ја отстранува природната одбрана на овошјето и зеленчукот од скапување. Поради тоа, се препорачува, пред да ги сместите на нивното место, доколку се валкани со земја, да ја отстраните со бришење и да ги складирате на безбедно, темно и студено место.
2. Овошјето и зеленчукот бараат сува средина
Влагата е причинител за скапувањето на овие продукти. Еден трик со кој можете да ја избегнете е да поставите хартиена подлога на местото каде ќе ги складирате. Таа ќе ја впие непотребната влага и ќе го спречи расипувањето.
3. Како правилно се чува авокадо?
Авокадото коешто е недозреано треба да се чува во подебела хартиена вреќичка или завиткано во весник, сè додека не созрее. Потоа се става во пластична кеса и се затвора во фрижидер.
4. Некои зеленчуци и овошја не се чуваат во фрижидер
Пиперките, краставиците и доматите се препорачува да се чуваат на собна температура. Тоа е така затоа што, од студениот воздух, пиперките ја губат својата цврстина и стануваат крцкави, а краставиците и доматите стануваат „лигави“, односно од нив излегуваат течностите и тие повеќе не се добри за јадење.
5. Завиткајте ги рачките на бананите
Можеби ви звучи чудно, но за да се зачува свежината на бананата треба да се завитка нејзината рачка со наједноставна фолија и да се остави на собна температура.
6. Чувајте исечкано и излупено овошје и зеленчук во тегла со вода
На овој начин можете да ги чувате морковите и целерот. Исечкајте ги и ставете ги во тегла со малку вода. Така подолго време ќе имате свеж и подготвен зеленчук за супи и други јадења.
7. Складирајте ги свежите продукти во потоплите делови од фрижидерот
Ова е важно затоа што, колку што е пониска температурата во фрижидерот, толку побрзо исчезнува јакиот мирис и свежината на продуктите. Затоа, во фрижидерите вообичаено има посебни кутии за зеленчук и овошје, каде што плодовите се заштитени од прениската температура.
8. Треба да се избегнува чување на одредени продукти на исто место
Одредени видови овошја и зеленчуци, кога ќе созреат се активираат и ослободуваат етилен, како што се бананите, кајсиите, крушките, мангото и доматите. Други пак се чувствителни на етилен, како што се јаболката, црниот домат, лубениците, доматите, тиквите, морковите и брокулите. Затоа, внимавајте, кога ги складирате да ги раздвоите овие видови овошје и зеленчук.