Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Решавањето на злосторствата било многу потешко пред ДНК тестирањето. Денешните детективи имаат цел арсенал од алатки и направи коишто им помагаат да го откријат виновникот, но нештата не биле отсекогаш толку лесни. „Детективите“ постојат илјадници години. Дури и во древен Египет биле најмувани луѓе за да решат некој случај. За среќа, Египќаните детално ги запишувале овие нешта па можеме да дознаеме како изгледало да се биде детектив пред повеќе од 3.000 години.

1. Тренирани мајмуни ги напаѓале крадците

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Идеално, злоделото би било спречено пред да се направи. Поголемиот дел од полициската сила во древен Египет била поставена низ градот чувајќи ги гробниците и пазарите. Чуварите често имале тренирани животни со нив. Најчесто станувало збор за кучиња, но многумина имале и мајмуни подготвени за напад.

2. Кодошењето било задолжително според закон

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Кога биле повикувани детективите, нивната работа не била лесна. Барањето на криминалец со древна технологија може да биде навистина тешко без сведоци. Па, Египетските судови се осигурале дека секогаш ќе има сведоци и поставиле високи казни ако не пријавите некое злосторство.

Кога Рамзес III бил убиен, полицијата ги собрала сите, дури и слугите и батлерите. Речиси секој од нив имал можност да слушне за заговорот и ако не го пријавел тоа станувал криминалец. Како казна им ги сечеле ушите.

3. Древен Египет имал истражувачи на местото на злосторството

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Кога некој ќе се пожалел во судот за нешто, истражувачите почнувале со работа. Тие биле неверојатно многу темелни. Не се потпирале на претпоставки и барале осомничени, испрашувале сведоци, го истражувале местото, па дури и ги рекреирале теориите за злоделото. Покрај тоа имале и детални извештаи за минати обвинувања со цел да ја следат криминалната историја на луѓето.

4. Сведоците и осомничените биле тепани додека не презборат

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Кога требало да се добие одговор, детективите не биле многу добри. Тие ги тепале луѓето додека не признаат. Најчесто ги врзувале луѓето за столб и го удирале по дланките и стапалата. Ако не кажувале ништо, повторно ги тепале. Понекогаш и сведоците го извлекувале подебелиот крај, особено ако имале причина да го штитат обвинетиот.

5. Сведочењата биле споредувани со доказите

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Египќаните сфатиле дека тепањето може да доведе до лажни сведочења. Поради ова поминувале многу време истражувајќи ги местата на злосторството. Сведочењата на криминалците биле споредувани со доказите. Ако станувало збор за група осомничени, тие биле мачени одвоено за да се осигураат дека ќе добијат иста приказна од сите.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар