Како би изгледал познатиот Централ парк во Њујорк, доколку друг дизајн победел на натпреварот?
Без разлика дали некогаш сте биле во најпопуларниот парк на светот или пак, само сте го виделе на телевизија, Централ парк без сомнение ја разгорува сечија фантазија. Тоа е едно од ретките места на планетата за коешто „целиот свет има чуено“, па затоа е и многу чудно да се замисли во која било форма освен таа во којашто е денес. Но, дали сте знаеле дека овој дизајн на Централ парк бил всушност победник на натпревар што се одржал пред 150 години?
Од 33 апликации, бил избран токму овој дизајн што го гледате денес. Еден љубопитен тим од дизајнери сакале да дознаат како би изгледал паркот доколку нештата тргнале во друга насока, и успеале да најдат само една преживеана губитничка апликација. За жал, останатите се изгубени, но барем можеме да видиме барем една алтернатива на познатиот парк. Дизајнерите ја рекреирале со помош на дигиталната технологија и ги споделиле резултатите.
Што мислите за овие фотографии? Дали би сакале да се прошетате некогаш и во поинаков Централ парк?
Погледнете и кои се најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет.