Како антисоцијалните индивидуи се справуваат со (не)довербата?

Како антисоцијалните индивидуи се справуваат со (не)довербата?

Не се сите индивидуи подеднакво социјални битија и тоа е во ред. Едни сакаат да се опкружени со луѓе додека други повеќе уживаат да бидат сами и изолирани од бука, гужви и други човечки суштества. Во кој од овие два типа и да припаѓате не се загрижувајте затоа што е нормално. Нормално е дури и кога сте на некоја средина, па некогаш ви одговара да сте како првите, а некогаш како вторите.

Луѓето, најверојатно повеќе од сите останати видови се потпираат на нивната способност да заклучуваат за менталната состојба на другите што ги среќаваат во секојдневните социјални интеракции. Социјалните научници ја нарекуваат оваа способност како „теорија на умор“ или „ментализирање“. Оваа способност им дозволува да заклучуваат за мислите, верувањата и чувствата во интеракцијата со нивните партнери, најверојатно преку симулација како би реагирале тие во слични ситуации.

Една истакната теорија која се интересирала за еволуцијата на човечката социјална когниција истакнува дека способноста да се читаат мислите на другите или да се предвидат нивните намери и да се заклучува за нивните верувања, се развила поради социјалните притисоци кои доаѓаат од заедничкото живеење во големи групи уште пред неколку милиони години. Живеењето во групи овозможува да бидеме во предност пред нашите предци затоа што понудената заштита од грабливците и потрагата по успехот, но сепак можноста за предавство на другите членови од групата е сеприсутна. Покрај придонесот за општото добро на одредени поединци, другите можеби нема да ги споделат нивните извори и да понудат заштита.

Оваа комплексност во справувањето со другите во социјалните контексти ги создала развојните притисоци за да ги селектира умовите кои би биле способни да ги предвидат однесувањата и намерите на другите, па вака изгледа теоријата.

Човечката „социјално когнитивна“ мрежа идентификувана од социјалните невронаучници изгледа го прави ова: Им дозволува на луѓето да се стават во позиција на нивните интерактивни партнери и да заклучат за нивните верувања и намери.

Неодамнешна студија покажала зошто луѓето се занимаваат со теоријата на умот и заклучуваат за менталната состојба на другите зависно од нивната личност. Користејќи игри на доверба кои учесниците ги исполниле под различни услови, со или без можност да бидат казнети непожелните однесувања, студијата ги идентификувала специфичните профили на однесување на антисоцијалните индивидуи кои сметале дека другите мислат и се однесуваат баш како нив.

Колку поразлично било однесувањето на луѓето со антисоцијална личност од останатите учесници?

Не само што овие индивидуи биле помалку доверливи, тие исто така и на другите им верувале помалку и биле склони да ги казнуваат оние кои ја издавале нивната доверба. Интересно е и сознанието дека кога биле во состојба каде што можеле да бидат казнети за издавањето на довербата на другите, нивната доверливост не се разликувала од просоцијалните индивидуи. Овој силен одговор бил набљудуван исклучиво кај антисоцијалните индивидуи на можноста да се биде казнет.

Набљудувањето покажало дека антисоцијалните индивидуи се однесуваат многу стратегиски во социјалните интеракции. Кога имале дигната рака и не можеле да бидат казнети за „лошо“ однесување тие ја искористувале нивната напредна положба за да ги експлоатираат другите. Но, кога казните биле возможни, тие произлегувале од неправењето разлика на нивните просоцијални копии за да се избегне губењето на ресурсите.

Сумирани резултатите покажуваат дека антисоцијалноста влијае врз три различни однесувања важни за социјалната интеракција:

Доверба

Антисоцијалните индивидуи имаат релативно мала доверба во другите сè додека немаат можност да ги казнат.

Заслужена казна (одмазда)

Доколку постои шанса, тие се склони да го казнат однесувањето што е недоверливо.

Доверливост

Овие индивидуи покажуваат поголема тенденција да ја издадат довербата на другите, сè додека не се плашат дека ќе бидат казнети.

Севкупно, антисоцијалните индивидуи покажуваат специфични комбинации на однесувања и верувања што индицираат дека тие можат да претпостават дека другите ги споделуваат нивните антисоцијални погледи кон светот.

Прочитајте и кои се 5-те знаци на осаменост што откриваат дали сте ја изгубиле врската со себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар