Кафулиња во кои ќе се чувствувате како да сте во филм од Вес Андерсон
Овој режисер повеќе од две децении работи на развој на сосема нов суб-жанр на филмови, полни со меланхолија, неверојатна естетка, исклучително внимание на детали и внимателно одбрана алт-фолк музика. На тој начин и станал препознатлив во целата поп култура. Да го гледате светот од Андерсонова перспектива значи да уживате во екстремната симетрија и интензивните детали. Токму таа естетика се препознава во рестораните, кафулињата, дизајнот на кориците на книгите и во излозите. Додајте и малку пастелни бои, и веднаш делува како сцена од филм. А ако сакате да го почувствувате ова, тогаш следниве кафулиња се одличен избор за вас!
1. Café Bar Luce, Милано, Италија
Ова кафуле го зазема првото место на оваа листа бидејќи самиот Андерсон бил дизајнерот. Тој вели дека се трудел да го направи автентично и живописно место, односно кафуле во кое и самиот би сакал да ги поминува своите попладниња.
2. The Budapest Café, Ченгду, Кина
Будимпешта во Кина? Самото име на ова кафуле ни дава до знаење што можеме да очекуваме од ентериерот. Инспириран од Андерсоновиот филм Големиот хотел Будимпешта (Grand Budapest Hotel), тој е како портал што води во паралелен универзум.
3. Pink Zebra, Канпур, Индија
Овој простор се одликува со црни линии кои се преклопуваат со розови нијанси. И овој дизајн е инспириран од филмовите на Вес Андерсон, особено во однос на изборот на боите и прецизната симетрија – нешта што се како печат за режисерот.
4. Café Congreso, Малолос, Филипини
Ако пиете кафе во ова кафуле, вие ќе се чувствувате како да седите во облак од розови шеќерни памуци. Целиот дизајн е со ретро вибрации, а тиркизните ѕидови и златните детали се само уште еден знак дека дизајнерот бил инспириран од познатиот Андерсон.
5. Superbaba, Викторија, Канада
Ова кафуле на многу специфичен начин ги обединило Андерсоновата естетика со блискоисточната атмосфера. Ако сте некогаш во Канада, особено во градот Викторија, и сте големи љубители на стилот на овој режисер, тогаш дефинитивно не треба да го пропуштите ова место!
Погледнете ги и овие 12 кафулиња кои љубителите на книгите ќе сакаат да ги посетат!