Каде се наоѓате вие на ова дрво? Едноставен психолошки тест!

Каде се наоѓате вие на ова дрво? Едноставен психолошки тест!

Авторот на овој интересен тест е британскиот психолог Пип Вилсон. Тестот бил наменет за деца од школска возраст со цел да се согледа како тие се вклопуваат во училиштето во првите три години. Меѓутоа, подоцна овој тест се покажал како доста релевантен и за возрасните луѓе. Тестот му помага на човекот да ја зајакне неговата вистинска и посакувана емоционална состојба, па дури, во извесна мера, и неговата положба во општеството.

1-kade-se-naogjate-vie-na-ova-drvo-ednostaven-psiholoshki-test-www.kafepauza.mk_-2

Секое од овие мали човечиња има различно расположение, но зазема и различна положба.

За почеток, одредете кое од нив најмногу личи на вас. Потоа изберете човече на коешто најмногу сакате да личите.

Резултати од тестот:

Ако ја одбравте позицијата 1, 3, 6 или 7, таа ве карактеризира како мотивирана личност, која не се плаши од никакви пречки и бариери во животот.

Ако вашиот избор падна на броевите 2, 11, 12, 18 или 19, тоа значи дека сте комуникативна личност која секогаш ќе ја пружи потребната поддршка на своите пријатели.

Изборот на човечето под реден број 4 ве дефинира како личност која има стабилна животна положба. Личност која сака да постигне многубројни успеси без надминување на потешкотиите.

Број 5 – Секогаш сте уморни, слаби и немате доволно животна сила во вас.

Ако изборот паднал на човечето со број 9 – Вие сте весела личност која сака забави.

13 или 21 – Вие сте затворени, често сте изложени на внатрешни грижи и избегнувате комуникација со луѓето.

Бројот 8 – Значи дека сакате да се повлекувате во себе, размислувате само за себе и потонувате во сопствениот свет.

Ако го одбравте бројот 10 или бројот 15 – Имате нормална адаптација во животот, се наоѓате во оптимална состојба.

Бројот 14 – Паѓате во емотивен пропаст, најверојатно сте изложени на внатрешна емотивна криза.

Позицијата број 20 обично ја избираат луѓе со голема самодоверба. Вие по природа сте лидер и сакате луѓето да го слушаат само вашето мислење.

Изборот падна на човечето со број 16? Се чувствувате изморени од неопходното поддржување на некого, но можеби забележавте – вас на оваа слика ве гушка бројот 17 – во овој случај може да се прoценувате себеси како човек опкружен со внимание.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар