Каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?

Каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?

Скај 721 е највисокиот пешачки мост во светот. Бројката 721 се однесува на должината на мостот кој се наоѓа во селото Долни Морава во Чешка.

Каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?

Мостот е широк само 1,2 метри, а на највисоката точка се издига до 95 метри. Затоа, нека не ве чуди фактот дека не е наменет за оние кои се плашат од височина.

Каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?

Освен тоа, мостот е опкружен со прекрасна природа и нуди спектакуларен поглед кон планината Кралицки Снежник.
Во непосредна близина на мостот се наоѓа видиковец, висок 55 метри, а тука е и патеката позната како Bridge of Time (Мостот на времето), каде се наведени историските атракции во овој крај.

Скај 721 ја доби титулата највисок пешачки мост, а досегашниот рекордер беше мостот Баглун Парбат, долг 567 метри на реката Кали Гандаки во Непал.

Мостот ќе биде официјално отворен за јавноста во мај оваа година.

Откако прочитавте каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 стари европски мостови треба да ги видите барем еднаш во животот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар