Каде се наоѓа најубавиот автопат во светот?
Кина е богата со пејзажи и преубави туристички дестинации. Така, според многумина, овде се наоѓа и најубавиот автопат во светот, автопатот Хепу-Напо кој се протега низ југозападниот регион Гуангшји.
Бетонската конструкција на автопатот претставува силен контраст со густите шуми и ридови кои ја опкружуваат и на тој начин создаваат прекрасна глетка на која малкумина можат да ѝ одолеат.
Притоа, светските медиуми го прогласија токму овој автопат кој минува во близина на границата со Виетнам, за еден од најубавите автопати во светот.
Откако дознавте каде се наоѓа најубавиот автопат во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за градот кој има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер.
Извор: punkufer.dnevnik.hr