Каде, кога и зошто настанал бројот 0?

Каде, кога и зошто настанал бројот 0?

Многу истражувачи со векови верувале дека нулата е изум на арапските математичари, а некои сметале дека за прв пат била употребена во Европа. Енигматичниот број 0 е специфичен по многу работи, а пред сѐ е познат како безграничниот број на филозофски и математички вредности. Но, кога всушност човештвото за прв пат го искористило бројот 0 и зошто?

Каде и кога настанал бројот 0?

Првите системи ја користеле нулата како ознака, а не како број со сопствена вредност и својства. Францускиот археолог Жорж Кеде во 1931-та година објавил еден текст со наслов „За потеклото на арапските броеви“ каде еднаш засекогаш докажал дека нулата е источен изум. Кеде својата студија ја засновал врз една камена плоча, позната како К-127, која била откриена во Камбоџа.

Но, бројот 0, забележан на оваа плоча, е најстарата откриена нула досега и потекнува од околу 683-тата година од новата ера, поточно околу два века пред првата арапска држава. Откритието ги поткрепило теориите дека индискиот математичар Брамагупта е првиот кој ја вовел нулата во математичките операции.

Тој под броевите пишувал точки за да ја означи нулата. Тие точки биле нарекувани сунија (празно) и ка (место). Големиот математичар ги поставил основните закони за добивањето нула со собирање и одземање, како и правилата за преостанатите математички операции каде нулата е неопходна. Со настанокот на нулата, овозможена е алгебарската дефиниција на негативните броеви и развојот на математичките системи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар