Јужнокорејски остров обои град во виолетова боја за да привлече туристи
Жителите на Банвол во Јужна Кореја сакаа да се издвојат од другите туристички дестинации со цел да привлечат повеќе гости и дојдоа до невообичаено решение.
Банвол се претвори во виолетов рај. Бојата е инспирирана од локален цвет, а се користи за сликање телефонски штандови, мостови и многу повеќе. Банвол сега е познат како „виолетов остров“ и навистина стана популарна туристичка дестинација во Јужна Кореја. За да биде уште поубаво, владата засади полиња со лаванда и дива темјанушка. Банвол доби и нов хотел, кафуле, ресторан и продавница за изнајмување велосипеди. Помеѓу јуни и август минатата година, ова место го посетиле 100.000 луѓе и покрај пандемијата на коронавирусот, што е за 20 проценти повеќе отколку во 2019 година.
Прочитајте и во кои земји можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус.