Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски

Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски

Јапонските островите Изу имаат прекрасна природа, но не се многу „гостопримливи“ кон луѓето. Ова се вулкански острови од кои некои исчезнуваат по повремените ерупции на сè уште активниот вулкан. Ситуација е најлоша на островот Мијакеџима, каде што вулканот Ојама испушта толку многу сулфур што луѓето мораат дење-ноќе да носат гас маски. Дури и кога воздухот е поднослив за дишење, тие пак се законски обврзани да имаат гас маска на дофат на рака. Знаејќи го ова, звучи неверојатно фактот дека таму има околу 3.000 луѓе кои упорно тоа место го нарекуваат свој дом.

Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски

Интересно е тоа што одвреме-навреме кога има силни ерупции местото целосно се евакуира, за потоа жителите повторно да се вратат кај своите гас маски под облаците од сулфур. Тие во секој момент очекуваат вклучување на сирените за евакуација. Ако за нив тоа е нормално затоа што дома си дома, неверојатно е како местото привлекува туристи кои се надеваат дека таму ќе ја видат апокалипсата.

Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар