Јадењето риба еднаш дневно може да го контролира стресот

Јадењето риба еднаш дневно може да го контролира стресот

Јадењето голема количина риба може да помогне да се спречи ризикот од депресија и кај мажите и кај жените. По анализирањето на сите добиени европски податоци, се покажала значајна поврзаност помеѓу честото јадење риба и намалувањето на депресијата. Имено, кај оние коишто редовно консумирале риба се забележало значително намалување на депресијата, во споредба со оние кои консумирале поретко.

Grilled trout w limet and vegetable

При истражувањата за тоа како јадењето риба влијае одделно кај двата пола, истражувачите забележале посилна поврзаност помеѓу честото консумирање риба и намалувањето на депресијата токму кај мажите. Одредени студии покажале дека кај посилниот пол ризикот за депресија се намалува дури за 20%. Што се однесува до жените, ризикот за депресија се намалил за 16%. Сепак, она што треба да се испита во понатамошните истражувања е тоа дали оваа поврзаност варира во зависност од видот на рибата.

Grilled Fish Entree in Barcelona ca. 2001 Barcelona, Spain

Денес депресијата напаѓа околу 350 милиони луѓе ширум светот, а се предвидува да стане и втора водечка причина за лошо здравје од 2020 година, па затоа, вклучувањето на рибата којашто содржи висококвалитетните протеини, витамини и минерали во секојдневната исхрана, може значително да го подобри нашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар