Јаболко? Тампон? Момците се обидуваат да одговорат што гледаат на оваа фотографија
Познатата блогерка Селена Феј поставила предизвик за сите жени во светот. Таа побарала тие да му испратат на својот партнер или пријател фотографија од бјути блендер и да го прашаат што мисли дека е тоа.
„Во ред, пратете му ја на вашето момче (или другар) оваа фотографија и прашајте го ‘Што е тоа’? Фотографирајте го одговорот и објавете го долу“, напишала таа на својот Твитер профил.
Феј ја добила идејата додека разговарала со еден од нејзините блиски пријатели.
„Се допишував со мојот другар и тој се заколна дека ми обрнува многу внимание, дури и додека се шминкам. Затоа и му пратив фотографија од бјути блендерот и го прашав ‘Што е ова?’ Тој ми одговори: ‘Четка за шминкање’. Тоа беше толку погрешно, што ме насмеа.“
Во продолжение погледнете ги најсмешните одговори што таа ги добила на својата објава, кои без сомнение ќе ви го подобрат денот и ќе ве насмеат до солзи…
1. Многу жени решија да го пробаат предизвикот и резултатите беа урнебесни
– Што е ова?
– Тоа што го користиш за шминкање…
– Како се вика…
– Ох, може да се обидам да погодам?
– Ајде.
-Четка за образи?
2. Многу момци го опишаа како „јајце“, што всушност и не е толку лошо
– Еј, што е ова?
– Ова изгледа како јајце, но не сум сигурен што е.
3. Бидејќи изгледа се фокусираат на самата форма
– Што е ова?
– Изгледа како меко розово јајце.
– Погоди!
4. Други момци биле покреативни
– Што е ова?
– Нос од кловн. Зошто ме прашуваш?
5. А некои пак мислат дека сè е поврзано со градите
– Што е ова?
– Не знам. Едноставно не знам. Нешто за градите? Уф, не знам. Топче за стрес?
6. Некои изгледа биле гладни
– Што е ова?
– Јаболко.
– Во ред, душо.
– Зошто?
7. А други малку нервозни…
– Што е ова?
– Ха ха, стрес јаболко?
– Ха ха, не.
8. Трети се обидувале да најдат смисла во тоа што веќе го знаат за жените
– Што е ова?
– Кога ќе ги потрошиш тампоните и сѐ што имаш е твојот козметички несесер.
9. Некои момци сѐ уште не можат да разберат, дури и откако ќе им објасните
– Што е ова?
– Јајце. Зошто е розово?
– Добар погодок, продолжи.
– Не е јајце?
– Чао.
– Сега сум збунет?
– Тоа е бјути блендер.
– Дали ја меша убавината?
10. Но, некои се приближиле скоро до целта
– Еј, дали знаеш што е ова?
– Да, тоа е нешто за шминкање.
– Нешто?
– Па, скоро како четка. Ја нанесуваш пудрата на него и го триеш на твоето лице.
11. И за крај, момчето кое навистина се разбира од шминкање
– Што е ова?
– Бјути блендер. Сигурно си заборавила дека гледам мејкап туторијали кога ми е досадно.
– Како го знаеш ова? Чекај, што?