Извонредните особини на омега мажите: Зошто тие се подобри од алфа мажите?

Извонредните особини на омега мажите: Зошто тие се подобри од алфа мажите?

Повеќето од вас сигурно чуле за поимот „алфа маж“, но дали знаете што е тоа омега маж? Овие видови мажи не добиваат многу внимание, но тоа не значи дека се за потценување. Обично, кога зборуваме за мажи, мислиме на нивната физичка сила, натпреварувачки дух, доминација и лидерски вештини. Меѓутоа, постојат мажи кои не се вклопуваат во овие стереотипи. Токму поради тоа, ним не им се придава големо значење.

Извонредните особини на омега мажите: Зошто тие се подобри од алфа мажите?

Какви типови мажи постојат?

Не може да се каже дека сите мажи и сите жени се исти, иако општеството нѐ наведува да мислиме така. Многу е важно да се запознаеме со сите мали разлики кои ги прават луѓето уникатни, без оглед на нивниот пол. Па така, според општеството во кое живееме постојат два типа мажи:

1. Алфа мажи. Алфа мажите ги исполнуваат стереотипите за „пештерски човек“. Тие сакаат да се издвојуваат од толпата и да бидат во центарот на вниманието. Тие мора да бидат најсилни, најбрзи, најпаметни и најдобри во сѐ што прават. Со други зборови, нивниот натпреварувачки дух е неизмерно голем. Можеме да ги споредиме со глутница волци. Најдоминантниот од нив е алфа мажјакот.

2. Омега мажи. За разлика од алфа мажите, омега мажите одбегнуваат ризици и конфликти. Тие дури и не ги сакаат алфа мажите. Иако нивната самодоверба може да биде исто толку голема колку онаа на алфа мажите, тие немаат потреба да бидат во центарот на вниманието. Тие не сакаат да се издвојуваат од останатите и немаат потреба да се натпреваруваат со другите мажи за да покажат дека се најдобри.

Кои се особините на омега мажите?

За жал, луѓето повеќе ги ценат алфа мажите. Но, тоа не значи дека омега мажите не поседуваат извонредни особини. Прочитајте зошто омега мажите се можеби дури и подобри од алфа мажите…

Тие се интровертни. Обично, омега мажите се интроверти. За разлика од алфа мажите, тие немаат потреба да бидат најзабавните личности во просторијата. Не им треба сето тоа внимание. Напротив, тие воопшто не сакаат да бидат во гужва или во центарот на внимание, бидејќи тоа им ја исцрпува енергијата. Наместо тоа, омега мажите сакаат да поминуваат време сами. На тој начин си ги полнат батериите и немаат никаква потреба да докажуваат дека тие се најдоминантни.

Тие се опуштени. Алфа мажите се екстровертни, харизматични и забавни. Но, омега мажите се многу поопуштени и посмирени. Тие не се возбудуваат многу. Тие оставаат работите да се случуваат сами по себе и не мислат дека треба постојано да се борат за сѐ. Наместо да ја брануваат водата, тие само ќе отпловат во друга насока.

Извонредните особини на омега мажите: Зошто тие се подобри од алфа мажите?

Тие се нежни. Со оглед на тоа што тие не се толку доминантни колку алфа мажите, омега мажите се многу понежни во љубовните врски. Тие без проблем ќе ве измасираат по напорниот работен ден и ќе ве држат во прегратка додека го гледате вашиот омилен филм. Тие имаат нежна страна, а тоа е многу привлечно кога станува збор за љубовните врски.

Тие се добродушни. Омега мажите не сакаат да се фалат и да бидат најдобри и затоа имаат време да се фокусираат на другите луѓе. Ако ви треба некаква помош, слободно може да им се обратите на овој тип момци. Тие ќе ви помогнат не затоа што сакаат да мислите дека се херои, туку затоа што се добродушни.

Тие се сочувствителни. Емпатичните луѓе можат да се стават на туѓо место и да ги почувствуваат емоциите со кои се соочуваат другите. Тоа не значи дека омега мажите ги сожалуваат сите околу нив. Тоа значи дека тие се способни да ја согледаат реалноста низ туѓи очи. Алфа мажите не можат да се пофалат со оваа бесценета вештина.

Тие претпочитаат длабоки врски. Омега мажите немаат многу пријатели. Тие се интроверти и сакаат да поминуваат време сами, па затоа немаат широк круг на пријатели на социјалните мрежи, ако воопшто ги користат. Тие сакаат долги и значајни разговори. Омега мажите претпочитаат верни и лојални пријатели кои секогаш ќе бидат тука за нив. Тие не губат време на површни пријателства и познајници.

Сакаат да работат сами. Омега мажите имаат пријатели и блиски познајници, но претпочитаат да работат сами. Тие не сакаат да бидат дел од тим или група без разлика дали се работи за нивниот професионален или приватен живот. Со оглед на тоа што не сакаат да бидат лидери и да се издвојуваат од останатите, зошто би сакале да бидат дел од некоја група?!

Не се егоцентрични. Алфа мажите премногу се грижат за туѓото мислење. Токму поради тоа, тие чувствуваат постојана потреба да си го „пумпаат“ егото. Тоа значи дека се фалат за нивните достигнувања и успеси. Омега мажите не се заморуваат со такви работи.

Извонредните особини на омега мажите: Зошто тие се подобри од алфа мажите?

Омега мажите можат да ги постигнат истите работи како и алфа мажите, па дури и повеќе, но луѓето никогаш нема да дознаат за тоа. Омега мажите никогаш нема да ги објават нивните успеси на Фејсбук и Твитер. Тие можеби нема да им кажат дури ни на нивните најблиски пријатели. Ним не им требаат туѓите признанија за да си го зголемат егото.

И алфа и омега мажите поседуваат некои извонредни особини. Меѓутоа, ние живееме во општество каде што најмногу се ценат мажествените карактеристики и поради тоа омега мажите честопати се потценуваат. Тоа е голема штета, бидејќи како што можевте да видите и самите, омега мажите се одлични пријатели, партнери и соработници кои дефинитивно треба да бидат дел од вашиот живот.

Само затоа што некој не се издвојува од толпата, не значи дека не вреди. Омега мажите се прекрасни луѓе, така што нареден пат наместо да ги одминете, обрнете им повеќе внимание и можеби ќе се изненадите од тоа што ќе го откриете за нив.

Доколку сепак не се пронаоѓате помеѓу омега мажите, прочитајте ги 10-те квалитети кои секој алфа маж треба да ги бара во својата девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар