Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената
Канадскиот астронаут Крис Хедфилд ја напиша историјата оваа година, станувајќи првиот Канаѓанец кој раководеше со Меѓународната вселенска станица во експедицијата 35. Стана светски познат и поради неговите едукативни видеа во вселената. Тој преку страницата на Јутјуб на Канадската вселенска агенција се поврза со целиот свет, покажувајќи ни сите нам, колку бил различен неговиот живот во вселената од земјениот. Корисникот на Imgur TozzaG ги направил следниве гифови од видеата на Хедфилд, за да ни даде брз визуелен приказ на животот со 0 гравитација.
Зеленчуците ги имате во дехидрирана форма и треба да ги рехидрирате со специјална машина пред да ги јадете.Цедењето мокра крпа е невозможно.Кога прават сендвич, астронаутите се служат со тортиљи наместо со леб, бидејќи од нив не се ронат трошки.Треба да бидете внимателни кога отворате конзерва со јаткасти плодови во вселената.Има само еден начин да си ја скратите косата во вселената, а тоа е да користите специјална машинка со црево, кое ги вакумира поткастрените влакна, како правосмукалка.Повеќето десерти наменети за јадење во вселената се во облик на пудинзи, спакувани во кесички.Миењето на вашите раце без мијалник си бара користење на спакувана сапунеста вода, при што треба само да ја притиснете и да ја намачкате по дланките.Астронаутите имаат специјално дизајнирани кеси за повраќање, кои ги употребуваат кога ќе им се слоши.Не можете да употребувате вода додека се бричите, па затоа астронаутите користат специјално направена крема за бричење, која го спречува расфрлањето на влакната низ просторот.Кога ги миете забите во вселената, единствениот начин да се ослободите од пастата во вашата уста кога ќе завршите, е да ја проголтате.Не треба да плачете во вселената, бидејќи солзите едноставно ќе висат на вашето лице.Кога ги сечкате вашите нокти во вселената , тоа треба да го правите над вентилациски канал, за да го спречите нивното разлетување низ просторот.Спиењето во вселената подразбира влегување во специјална вреќа, со која потоа влегувате во мало купе, за да не летате низ воздухот. За крај додадовме и едно видео во кое ултразабавниот Крис, објаснува како се извршуваат физиолошките потреби во вселената, без да летате над веце шолјата. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.