Изненадувачките вистински имиња на славните личности
Мајкл Кејн
Морис Џозеф Миклвајт се прекрстил во Мајкл Кејн на совет од неговиот агент. Името го избрал според лик кој го играл Хемфри Богарт.
Тина Феј
Тина е скратено од нејзиното средно име , а целото е Елизабет Стаматина Феј.
Боно
Боно произлегува од Боно Вокс, што на латински значи добар глас. Дадено му е од негов пријател. Инаку роден е како Пол Дејвид Хјусон.
Лејди Гага
Стефани Џоан Анџелина Џерманота се прекрстила во Лејди Гага затоа што Стефани во нејзиното минато била малтретиран уметник. Лејди Гага е нејзината нова личност.
Шеви Чејс
Комичарот Шеви Чејс е роден како Корнелиус Крејн Чејс. Баба му е кум на неговиот прекар кој доаѓа до средновековна англиска песна.
Порша де Роси
Порано се викала Аманда Ли Роџерс, но кога јавно се изјаснила како геј решила да стартува со нов живот под ново име.
Вин Дизел
Вин е скратено од Марк Синклер Винсент, а Дизел му е дадено од другарите кои му забележувале дека работи на дизел гориво поради неговата енергичност.
Спајк Џонз
Новото име му го дале колегите од продавница во која работел порано поради тоа што „доаѓал на работа без да се истушира и да ја среди косата“. Дотогаш бил попознат како Адам Спигел.
Џоди Фостер
Џоди бил прекарот на мајката на Алиша Кристијан Фостер, а подоцна станало и нејзино сценско име.
Бруно Марс
Питер Џин Ернандез е Порториканец кој сакал да избегне да биде етикетиран како латино музичар. Татко му веќе го викал Бруно затоа што го потсетувал на борачот Бруно Самаритано, а Марс го одбрал самиот затоа што „бил од Марс“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.