Изненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственици

Изненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственици

Постојат многу митови околу кучињата и нивните сопственици, но за дел од нив сè уште не постојат цврсти факти со кои би се докажале. Токму затоа погледнете ја оваа објективна перспектива на 3 добро познати митови и факти за кучињата и нивните сопствениците која е поддржана со голем број истражувања во оваа област.

Изненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственици

Дали сопствениците на поагресивни кучиња се понепријателски настроени? Потврдено!

Една студија која била објавена во октомври, 2012 година ја донела првата научна валидација на овој стереотип. Дебора Велс и нејзините колеги со спроведеното истражување откриле дека оние сопственици кои имаат поагресивни раси на кучиња имале повисок резултат на скалите за лутина, агресија и непријателство.

Изненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственици

Позади науката: И покрај тоа што оваа теорија не е целосно потврдена, можно е објаснувањето на овој феномен да се бара во фактот дека луѓето одбираат кучиња кои се на некој начин продолжување од нив. Ние ги одбираме своите пријатели и партнери кои имаат слични интереси и тенденции, па зошто да не би го правеле тоа и со домашните миленици? Но, постојат и други фактори кои можат да предизвикаат луѓето да бидат поагресивни и да изберат поагресивни раси на кучиња. Луѓето кои се социјално изолирани, имаат малку посетители или живеат во област која изобилува со криминал се под поголемо ниво на хроничен стрес, па токму поради тоа би можеле да одберат поагресивно куче со цел да биде нивниот „чувар“.

Дали чувањето домашно милениче ве прави поздрави? Потврдено!

Голем број студии биле спроведувани врз здрави луѓе, оние со хронична болест или постарите и секогаш чувањето куче било позитивно поврзано со начинот на кој срцето се прилагодува на стресни ситуации, со намалениот крвен притисок, помалку болка и значително намален ризик од срцеви и мозочни удари во период од 10 години или повеќе. Повеќето студии ги вклучувале сопствениците на кучиња, но дел од нив биле и со сопственици на мачки.

Изненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственици

Позади науката: Очигледното објаснување е дека со чувањето куче доаѓа и обврската да излезете од вашиот дом и да пешачите. Всушност истражувањата покажале дека оние кои поседуваат куче имаат многу повеќе аеробик вежби во нивниот живот отколку оние кои немаат домашно милениче. Вежбањето има голем број здравствени придобивки, започнувајќи од борбата против прекумерната телесна тежина и дијабетесот, па сè до подобрување на општото здравје. Излегувањето од дома исто така води до подобрување на социјалниот живот, но она што е најинтересно е дека студиите покажале дека чувањето куче исто така и го продолжува вашиот живот.

Кучињата не се единствените кои имаат позитивно влијание врз луѓето. Другите домашни миленици, вклучувајќи ги и мачките, исто така имаат големо влијание при намалување на стресот. Во експерименталните студии, кога од испитаниците се барало да ги стават своите раце во студена вода, тие биле под помалку стрес, и физички и психички, доколку биле во придружба на нивните миленичиња, во споредба со нивните сопружници или пријатели.

Дали сопствениците наликуваат на нивните кучиња? Потврдено!

Истражувачите откриле дека луѓето можеле многу лесно да ги препознаат вистинските (наспроти лажните) сопственици на кучиња, доколку тие се расни. Ова препознавање одело малку потешко кај мешаните кучиња.

Изненадувачки вистини за кучињата и нивните сопственици

Позади науката: Истражувачите од Сан Диего ги тестирале своите хипотези дека кучињата и нивните сопственици, исто како венчаните двојки, почнуваат да наликуваат еден на друг со тек на време. Но, не постојат докази кои би ја поддржале оваа врска. Од друга страна пак, наместо со тек на време да почнат да наликуваат едни на други, изгледа дека луѓето уште од почетокот одбираат раси на кучиња кои најмногу наликуваат на нив. Дали станува збор за свесен или несвесен избор, сè уште не се знае. Но, она што може со сигурност да се каже е дека луѓето често им пристапуваат со недоверба на оние нешта кои се различни од нив, па можеби токму затоа одбираат кучиња со кои на некој начин делат одредени сличности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар