Изненадувачки придобивки од бакнувањето

Изненадувачки придобивки од бакнувањето

Новите истражувања пронашле огромни придобивки од редовните бакнежи. Топлата комуникација, вклучувајќи го и бакнувањето секако, долго време се сметала за важна и продуктивна. Всушност овој вид приврзаност одамна е дел од трите фундаментални човечки потреби. Истражувачите откриле дека топлата комуникација укажува на функционален однос и задоволство. Кори Флојд од Аризона долго време ги проучувал физиолошките придобивки од топлата комуникација. Тој спровел студија која се фокусирала врз бакнувањето со партнерот и откритијата до кои дошол се неверојатно изненадувачки.

Изненадувачките придобивки од бакнувањето

Флојд и неговите колеги сакале да разберат како зголемувањето на бројот на бакнежи помеѓу партнерите ќе се одрази на генералните индикатори за стрес и добросостојба. За таа цел, тие проучувале парови кои живееле заедно. Во период од 6 недели, на половина од паровите им била зададена следнава инструкција:

„Во наредниве 6 недели, ние би сакале вие и вашиот партнер(ка)/сопруг(а) да се бакнувате почесто од вообичаено. На почеток, одвојувајте по неколку минути на ден кои ќе бидат само за бакнување. Со текот на времето би требало да забележите дека тоа ќе станува еден вид рутина во вашата комуникација. Целта е вие да се бакнувате почесто и подолго време отколку што тоа го правите сега.“

И покрај тоа што голем број фактори биле истражувани, клучните разлики кај паровите биле забележани во однос на нивниот поглед кон задоволството во врската, стресот како и нивото на холестерол. Поточно, во периодот од 6 недели, индивидуите кои го зголемиле бакнувањето изјавиле намалено ниво на стрес и повисоко ниво на задоволство од врската. И најважно од сѐ, нивните физиолошки проценки покажале намалување на холестеролот во крвта.

Овие резултати повторно го потврдуваат големото значење на бакнувањето во љубовните врски. Намалувањето на нивото на холестеролот е особено од големо значење со оглед на негативните последици врз здравјето кои тој може да ги предизвика. Всушност, докторите постојано препорачуваат промена на исхраната и зголемување на физичката активност со цел да се намалат нивоата на холестеролот. Овие откритија ни додаваат уште еден (многу поинтересен) начин кој може да се додаде на оваа листа.

Следниот пат кога ќе почувствувате дека сте под стрес, знаете што треба да направите. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар