Изненадувачки мистерии што науката не може да ги објасни
Иако изгледа дека научниците веќе проучиле сè што може да се проучи на нашата планета, тоа е далеку од вистината. Тие секојдневно се трудат да се доближат до можните објаснувања на голем број мистерии, но за повеќето нешта се многу назад. Во моментов сè што може да се направи е да се нафрлаат теории и истите да се тестираат сè додека не се наиде на вистина. А колку време ќе треба за тоа, може и никогаш да не дознаеме… Во продолжение следуваат 11 фасцинантни мистерии за коишто сè уште нема рационално објаснување.
1. Како предат мачките?
Мачките предат кога се чувствуваат среќно, но никој не знае зошто. Кога го прават тоа, вие не можете дури ни да им го чуете отчукувањето на срцето! Научниците велат дека мачките ги прават овие вибрирачки звуци со гласните жици на фреквенција што го забрзува заздравувањето и ја намалува болката. Можеби затоа тие предат кога се под стрес или кога се повредени.
2. Од каде дошле одредени суштества?
Многу видови животни немаат предци. Никој не знае кога водоземците еволуирале од риби бидејќи првите земјени животни имале добро развиени екстремитети и глави. Исто така се верува дека диносаурусите изумреле по природна катаклизма пред 65 милиони години. Во исто време, цицачите се појавиле од никаде.
3. Дали кравите имаат магнетски компас?
Со помош на Google Earth, научниците набљудувале илјадници фотографии од крави што пасат и откриле чудни обрасци на движење. 70% од нив ги вртат своите глави кон север или југ додека јадат или пијат. Ова е набљудувано на сите континенти, без разлика на земјиштето, времето и други фактори.
4. Што бил „желе“ дождот во Вашингтон?
Во август 1994 година се појавил необичен феномен во Оаквил, Вашингтон. Наместо дожд, супстанца слична на желе паднала од небото. Следниот ден, дузини луѓе се здобиле со симптоми на грип. Научниците ја анализирале супстанцата и откриле дека содржи два вида бактерија, еден од кој најчесто се наоѓа во човечкиот дигестивен систем. Тие не можеле да најдат поврзаност помеѓу бактериите и мистериозната епидемија.
5. Што е темна материја?
Околу 27% од универзумот е темна материја – таа не емитува ниту пак влегува во интеракција со електромагнетната радијација, па невозможно е да се детектира. Првите теории за темната материја се појавиле пред околу 60 години, но научниците сè уште немаат презентирано директен доказ за нејзиното постоење.
Продолжете на следната страница за повеќе мистерии…