Изнајмете го островот во форма на срце

Изнајмете го островот во форма на срце

Сопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот се наоѓа на реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.
Изнајмете го островот во форма на срцеДо него лесно се пристапува со бротче или со хеликоптер, а Бренсон го има купено во 2003 година со цел неговите вработени од Австралија да го употребуваат како еколошки центар за ритрит. Денеска секој може да помине неверојатен одмор на овој остров распослан на 25 ара, на кој истовремено луксузно можат да се сместат 22 гости. Цената на ноќевање за еден човек изнесува 8.000 американски долари, а за тие пари ќе добиете уживање во огромниот базен, вилата направена од бамбус, раскошната градина, тениските игралишта, барот, сауната и прекрасните плажи.Изнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеВо вилата од бамбус има 3 огромни апартмани, а на островот има и уште 3 дополнителни помали вили. Градината и ентериерот насекаде низ островот изобилува со прекрасни скулптури, специјално дизајниран индонезиски мебел, џакузи од вулкански карпи и украсно осветлување.Изнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срцеИзнајмете го островот во форма на срце


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Пеперутка Reply

    ритрит – сигурно постои соодветен збор на македонски јазик

    • Кафе пауза Reply

      Кај нас се користи овој. Кој би бил посоодветен?

  2. eli Reply

    се користел, како па да не…. што му фали на прибежиште, или во контекстов одмор или бегство?

    • Кафе пауза Reply

      Ели, нема потреба од нервози. Зборот се користи во средини кои имаат потреба да го користат, како фирми и компании кои организираат вакви настани за вработените. И во тој случај, не значи ниеден од предложените зборови, посебно бидејќи повлекувањето подразбира и работа, не само одмор и бегство од секојдневието.

  3. mia Reply

    што мора секогаш да се фаќате за ситници? аман! читај убави постови и не се замарајте со глупости! – има други веб портали на кои треба да се обрне сериозно внимание во однос на начинот на пишување и граматиката. ајде, ви се молам!
    пс. последната реченица во коментарот ми е со мала буква. некој коментар, можеби???

  4. Тоше Reply

    Бидејќи ние немаме збор РИТРИТ во македонскиот јазик, мислам дека граматички (не сум најсигурен) треба да се напише оригинално на англиски и притоа ако има потреба, во заграда да се објасни на што се мисли.

  5. ttttttttttttttttttttrt Reply

    eve odma go iznajmuvam, so parive

  6. некоја си Reply

    Глупости.
    Ритрит не постои во нашиот јазик и сигурна сум дека не се користи во ниедна компанија.
    Друго нешто многу важно.. сте пишале: Цената на ноќевање за еден човек изнесува 8.000 американски долари … НЕ Е ТОЧНО!

    Во висока сезона цената за од 1 до 8 гости е 8900 долари (значи без разлика дали за една личност или за 8) а во нормална сезона 7900 долари.

    HiGH SEASON
    Number of Guests Daily Rate
    1-8 Guests $8,990
    9 $9,990
    10 $10,990
    11 $11,990
    12 $12,990
    13 $13,590
    14 $14,190
    15 $14,790
    16 $15,450
    17 $15,790
    18 $16,190
    19 $16,550
    20 $16,890
    21-22 From $16,890

    http://makepeaceisland.com/RATESANDBOOKINGS.aspx

    • Кафе пауза Reply

      Тоа се детали, а не грешка. Зборот, со гаранција се користи во работна средина, иако не е официјално влезен во македонскиот јазик… впрочем како и многу други зборови. Благодариме за линкот. Ако некој планира да се одмара не срцево, сега има подетални информации за изнајмувањето 🙂

Остави коментар