Излупете го лукот со помош на овој трик и миризбата нема да ви се задржи на рацете
Поради својот карактеристичен и препознатлив вкус, лукот е одличен додаток на јадењата, без разлика дали станува збор за чорби, тестенини или подготовка на месо. Сепак, кога подготвувате јадење сигурно секогаш се мачите со неговото лупење, а миризбата што останува на прстите ви претставува вистински кошмар. Обидете се со овој едноставен трик и сѐ ова ќе биде минато.
Ставете ја целата глава лук во микробранова на 20 секунди или помалку, во зависност од јачината на вашиот апарат. Кога ќе го извадите ќе забележите дека надворешноста се лупи многу лесно, а и дека миризбата не се задржува на вашите раце. Одличен трик, зар не?