Излетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонце

Излетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонце

Ако патот ве однесе накај Лисабон, вреди да одвоите време за еднодневна екскурзија и да ја посетите Синтра, гратче во близина на португалската престолнина кое Лорд Бајрон го опишал како „прекрасна рајска градина“.

Излетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонце

Замоци, палати, музеи се само дел од знаменитостите на овој магичен град. Синтра се наоѓа во истоимената општина и може да се пофали со богата туристичка понуда за сечиј вкус.

Излетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонце

Недалеку од Синтра се наоѓа и Кабо да Рока, најзападната точка на Европа, местото каде што завршува копното и започнува морето. Доколку сакате, можете да добиете и потврда како доказ дека сте го посетиле местото. Во близина, пак, се наоѓа и друг шармантен град, Азенхас до Мар, со карактеристични куќи во медитерански стил. Во средината на 20 век Азенхас до Мар било омиленото летувалиште на жителите на Лисабон и Синтра.

Излетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонце

Градот изобилува со прекрасни плажи, а најпознатите се Praia da Aguda, Praia das Maçãs te Praia do Magoito кои се омилени меѓу локалното население. Освен тоа, во близина на една од овие плажи можете да посетите споменик со пештера и гробница. Кога ќе го видат за прв пат, многумина го поистоветуваат градот со италијанското гратче Cinque Terre.

Покрај спектакуларниот поглед од врвот на карпата, рестораните со поглед кон океанот нудат специјалитети како катаплан (португалски специјалитет). Според многумина, најубавиот момент е зајдисонцето кога можете да уживате со чаша вино додека го набљудувате хоризонтот како се прелева во бои.

Откако прочитавте за дел од преубавите излетнички места во близина на Лисабон, можеби ќе сакате да прочитате и за егзотичната дестинација која ги крие најубавите плажи во Португалија.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар