Изјави на славните убавици поради коишто ќе се засакате и прифатите себеси
Барањата и стандардите за убавина може да направат дури и најславните жени, кои честопати се прогласувани за најубави, да се чувствуваат непривлечно, но покрај тоа и да прозборат за вистинската убавина, самодовербата и сè она што ја прави жената убава!
Цитатите на овие славни убавици прават да сфатиме што е навистина важно, а и да научиме да го сакаме својот одраз во огледалото. Погледнете дел од нив.
Мерлин Монро
„За сите жени кои мислат дека се дебели затоа што не носат конфекциски број нула: Вие сте прекрасни, друштвото е лошо.“
Опра Винфри
„Следниот пат кога ќе се погледнете во огледало, обидете се да заборавите на критериумите коишто кажуваат дека сте премногу дебели, премногу бледи, премногу стари, дека очите ви се премали или носот преголем. Загледајте се во огледалото и во своето лице. Кога ќе го намалите критикувањето, ќе ја видете вистинската личност во вас, без осудување, а тоа е првиот чекор за промена на вашиот поглед кон светот.“
Џенифер Анистон
„Не е добро ниту ако си премногу слаб, ниту ако си премногу дебел. Невозможно е да го задоволиме секој, па најдобро е да престанеме да се трудиме.“
Дру Баримор
„Со години не можев да го прифатам своето тело и својот изглед. Си зборував себеси: ‘Не можеш да носиш ништо без ракави или со прерамки’. Но, одеднаш ми се појави една мисла: ‘Како би било сама себеси да не си упатувам вакви пораки, да го носам тоа и да уживам?’ Сега, повеќе од кога и да било, се чувствувам пријатно во сè што носам.“
Селма Хајек
„Велат дека убавината е во окото на набљудувачот, а јас велам дека ќе се ослободите кога ќе сфатите дека всушност вие сте тој набљудувач. Ова ни дава моќ да ја бараме убавината на места каде што другите не се осмелуваат да ја барат, вклучувајќи ја и убавината во самите нас.“
Софија Лорен
„Убавината е внатрешно чувство, она што се гледа во очите. Тоа не е нешто физичко.“
Тејлор Свифт
„Среќата и самодовербата се најубавите работи коишто можеме да ги облечеме.“
Квин Латифа
„Морав да пораснам за да научам да го сакам своето тело. Во почетокот немав самодоверба, но сфатив – или ќе се мразам или ќе се сакам себеси. Ја избрав љубовта кон мене и така започна сè. Работите што мислев дека не се атрактивни, станаа секси. Самодовербата ве прави сексапилни.“
Адел
„Не ги сметам слабите девојки за привлечни, треба да бидеме среќни и здрави. Никогаш не сум имала проблем со прифаќањето на својот изглед. Повеќе би сакала да ручам со своите пријатели, наместо да одам во теретана.“
Одри Хепберн
„Верувам во маникир. Верувам во претерано облекување. Верувам во мрзеливост и верувам во кармин. Верувам во розови бои. Верувам дека среќните девојки се најубави девојки. Верувам дека утре е нов ден. Верувам во чуда.“
Кристина Агилера
„Мислам дека без оглед на големината и обликот на телото, важно е да го прифатиме својот изглед. Женското тело е прекрасно. Би сакала сите жени да се горди на своето тело и да не ги осудуваат другите жени кои го прават тоа.“
Елен Деџенерис
„Убавината значи да се чувствувате убаво во својата кожа. Познавањето и прифаќањето на себеси онакви какви што сте.“
Ким Кардашијан
„Прифатете ги своите облини и она што сте. Горда сум кога ми доаѓаат млади девојки и велат: ‘Имам облини и сега сум горда поради тоа’.“