Изгубениот свет: Импресивни чуда на природата кои веќе не постојат
Една од работите која ги шокира луѓето со климатските промени, земјотресите, вулканите е тоа што тие го уништуват впечатокот кај човекот дека светот околу него, иако опасен, но барем е стабилен и непроменлив. Климатските промени како најголема опасност за животот на Земјата, а со тоа и за човекот, покажуваат дека светот е ранлив. Така, направени се истражувања за места кои постоеле, но денес нема да ги пронајдете.
1. Соломонските острови
Во 2016 пет острови од групата на Соломонските острови исчезнале поради глобалното затоплување кое предизвикало издигнување на морето.
2. Плажата Легзира во Мароко
Црвените карпи ги воодушевувале сите туристи со децении сè до пред 3 години кога една од двете се срушила.
3. Ледениот гребен Ларсен на Антарктикот
Она што до пред само 20 или 30 години се сметаше за „вечен мраз“ сега се расипува и се топи. Сместено по полуостровот Антарктик, денес е малку помало од Хрватска и станува сè помало и помало.
4. Азурниот прозорец во Малта
Многу години овој прозорец беше омиленото место на туристите во Малта, но за жал морето го уништи.
5. Дрвото тунел во Калифорнија
Во 19-от век луѓето направиле пат под ова дрво, но поради едно невреме во 2017 година, дрвото е уништено.
6. Дрво во Казакстан
Ова дрво е носител на рекорд за најизолираното дрво на светот. Ова дрво е едниственото дрво од истата група што преживеало толку години во пустината. Сите дрва се исушиле кога пустината се проширила, но корените на ова дрво успеале да стигнат до водата под земјата на длабочина од 36 метри. Дрвото живеело додека не било уништено од пијан возач со камион во 1973 година.
7. Карпата Мукуруб во Намибија
Нејзиното име се преведува како „Прстите на Бога“. Била уништена на 4 декември 1988 година.
8. Карпите „12 апостоли“ во Австралија
Денес постојат само 8 од овие карпи, а последната била погодена од морето во 2005 година.
9. Старецот од планината во САД
Карпата која потсеќа на лице на старец не постои од мај 2003 година.
Ver esta publicación en Instagram
Погледнете го овој град од соништата во Северна Африка.